„Беше тоа пред три години. Беше темна ноќ, во една тесна попречна улица, во близина на една од големите метро станици.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ноќта беше темна и тешка и можев единствено да го почувствувам допирот на прстите на Ема на моите слепоочници како мек допир на погледот откосо останат од деновите кога се правев дека тоа не го гледам, дека тоа не го чувствувам.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ја завлече главата во биковскиот врат и стана презрив и тврд, се стемни чиниш цел живот да се хранел со гавранови срца. „Во зло време се задеваш со мене.“ И гласот му беше темен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Нејзините сини очи погледнаа во очите на Даниел, кои беа темни и мрачни под веѓите што личеа на качулка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Гласот му беше темен кога ѝ рече: „Се шегуваш кога говориш за иднина. Иднината е попска проповед.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше темна, необично темна. Како страв.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Магла. Но, сепак, ако дишеа приказни зад тие ѕидови, тие беа темни и секојдневни - еднолични војници, еднолични куќи, еднолични луѓе.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Да, не знајме...“ Во тој момент влегоа во чикмакот кој беше темен, а светлина допираше само од прозорците на неколку куќи.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
„Јас не видов.“ „Се изменија. Ја променија бојата. Беа темни, а сега се светли.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Наслушуваше и му се чинеше дека вулканот се подготвува да избувне; излегуваше на чардакот, гледаше кон дувалото, но ноќта беше темна, облачна и не можеше ништо да види; шеташе по чардакот, низ куќата, слегуваше во дворот и одвај чекаше да се раздени.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)