Дали беше тоа клетва, дали беше твоја желба... Ах, драги, зошто стори така!
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во здравиците што ги кажуваше беше твоето име и зборот покај.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа беше твојата маѓија, тоа што живееше надвор од историјата, за тебе сѐ беше сега.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Продавачот ни наплати и костумот беше твој.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Но, сега беше твојот погреб. Облеката за мене и синовите беше подготвена, сѐ ново и убаво.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Низ твоето раскажување бев твој современик тука и сега, но во исто време и некаде далеку во минатото, кога нашите родители беа помлади и од нас самите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Пронајдов: твојата збирка пеперуги под стаклената поклопка на дрвената кутија беше твоја пролет.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Има и кавги, Ќе се истркала некој полжав пред туѓа мотика, и едниот ќе рече: мој е полжавот, а другиот: да беше твој, ќе беше пред тебе, ќе рече и ќе се фатат в гуша. Па ајде, брани откинувај.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- И чиј беше куршумот што го уби брат ти? Од кај знаеш дали не беше твој?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)