Дождот ништо не навлажнил, ни едно прсте. Земјата беше сува и цврста, толку цврста што изгледаше како никогаш да не била копана.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бунарот беше сув! Не можам да ја опишам таа состојба, отпрвин на неверба, а потоа на изгубеност и страв.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јован беше сув и жилав. Му ги гледав рамената подадени нанапред, кафеави наспрема белата маица, повеќе аглести отколку заоблени, мускулите над лактот издолжени со модрите жили.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Вечерва Бојан ги имаше сите услови да си приготви такво јадење: лебот му беше сув, масло имаше колку што сака, имаше и сирење, а и огнот убаво беше разгорен.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога им беше сув лебот, летно време кога имаше матеница и пресно млеко, дедо му често го дробеше, па така, натопен во матеницата или попарен со врело млеко, лебот се изедуваше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тие беа суви и добро му служеа за разгорување на огнот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Доктор Миха се поздрави со сите (стискање дланки и тресење раце, допирање бради и тупкање по плеќи) и седна во својата половна, стара кола, планирајќи каде ќе застане да дремне со дланките и челото на воланот, оставајќи го моторот да работи на мал гас зашто беше сува зима со студ до коски.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Даниел, кој секогаш беше сув и подвиткан, сега беше опустошен и не спиеше мирно, во сон стенкаше како да го измачуваше нешто.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На една хоризонтална греда беа наредени венчиња од колбаси во различни фази на сушење, некои веќе беа суви и истуткани, други сè уште беа лигави и влажни.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тоа беше сува, но цврста рака, со долги прсти на чии рабови имаше перчиња влакна побелени од сонцето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Станот на ластовицата беше сув и топол.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Устата ми беше сува, челото ми гореше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Прстите на старецот си играа со мојата коса. Пламенот ми ги полнеше ноздрите со густа топлина а земјата под мене беше сува и тврда.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пропаѓав во кратки соништа, оние што немаа ни почеток ни крај.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И за сето време после, додека гледаше како месецот се изгубува зад белиот раб на шумата, а неговата месечина сѐ повеќе ја сменува една залебдена, синикава заискреност негде под самото небо, која беше денот, увиснат високо над земјата и зачекан да стапне на нејзината поврвнина, Змејко сѐ повеќе стануваше свесен за онаа празнина во неговата внатрешност, што му стоеше препашана како болен појас по целиот стомак, од која и устата и грлото му беа суви и полни некоја запечена горчина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш се чувствуваше ослободен од нешто замрсено и погано и мислеше само на тој снег, гледаше само наврнати дрвја пред себе и откриваше голинки и пресеки, по кои знаеше дека тука некаде поминува и патот, повеќе со некој инстинкт во себе, отколку по нешто видливо бидејќи сè што беше видливо, немаше ништо заедничко со тоа како изгледаа тие места лете, кога ја немаше оваа белина, кога беше сува земја и кога беше зелено.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од преносеност (замина деветтиот месец, влезе во десеттиот) кожичката му беше сува, посна, жолтеникава, на места излупена како гуштерче, ноктите на рацете и нозете издолжени.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Отец Симеон и Иван останаа сами на дожд и се испитуваа - кој си, што си, беа суви.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Старецот бор сега лежеше мртов пред својата жртва - чекаше да биде запален . „Крвта е полеплива од смолата“ , им рече на смоларите Отец Симеон и не воздивна; не можеше да се насмее; устата му беше сува, од неа невратно испари вриењето на смеата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Со тие опинците што јас ги имав за малку ќе ме фатеа жива.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Снегот имаше напаѓано, а одоздола беше сува шума, па почнав да се лизгам и не можев да се задржам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Знам дека во тие моменти јас ништо не исполнував освен што те празнев, јас бев резерва, јас бев сува храна од која, по оброкот што завршуваше необично брзо, по чаршафите остануваа мали, невидливи вирчиња од кои се испаруваше мирис на пот и одвратни парфеми.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Неговиот глас беше сув, како облак загушлива прашина избувнат од штотуку распукана земја.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ако порано беше суво дере, никаквик, сега богами имаше право да биде и напернат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„А му реков -остави го. Не ме ни послуша. Морав да го убијам.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Го убив, Никола.“ Нејзиниот глас беше сув и безбоен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Новите гробишта немаа ни едно дрвце, земјата беше сува и сива.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
„Плукај Том!“ Устата му беше сува.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Нејзините огромни стакла се имаа подместено накриво, а дебелите усни ѝ беа суви и испукани.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Дон Хуан ми даде парче сува кајсија, или можеби беше сува смоква - во темницата не можев да видам ниту да го почувствувам вкусот на овошјето - и ми кажа да го џвакам добро и полека, без брзање.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)