Наредбата беше строга. Со главата се плаќаше секоја непослушност.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Со мајка и Светлана, иако беше строга, беа на иста бранова должина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Забраната беше строга и даваше на знаење дека никој од присутните ергени во кино салата не може да ќари девојка по традиционалниот проверен метод - со помош на книжен фишек наполнет со храна за папагали.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Родителите им беа строги, но многу ја сакаа Томето, како најмало дете, а и најубаво. Таа му беше милениче на татка си.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Кога јас одев во гимназија мајка ми беше строг родител.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Сега многу често знае да каже ...сега знам како треба, само да можам да ги вратам сите тие години назад...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Тој беше строг родител. Сакаше сѐ да контролира.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Барањето не беше строга наредба, ама и не требаше туку така да се отфрли.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Навистина ја излажа (нејзе ја подлажа, а себеси се пофали) кога ѝ рече дека и самиот бил таков на нагови години, зашто татко му беше строг и секогаш бараше да му се кажува каде се движи, со кого се дружи и зошто задоцнува; а и режимот на животот по војната беше таков што градот рано потонуваше во мрак и немаше ноќни локали, освен одбивното бифе на железничката станица.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Беше строг, крајно дискретен, конспиративен, педантен, секој збор му беше одмерен.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа беше најчуден, најмагичен лавиринт, обидете се, пронајдете го погледот на детето визија, казните беа строги, отворите се цементираа на самото место.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Законот беше строг, построг не можеше да биде.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ѝ беше строг и ја следеше.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Се плашев од татко ми, дури кога ќе ме погледнеше нешто ќе ми паднеше од раце, толку многу беше строг, а ние децата бевме од различни мајки, сите бевме на свој начин различни.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Неговото височество секогаш изгледаше опасно и заканувачки, но денес неговите хоризонтални процепи наместо очи, изгледаа малку пошироко од вообичаено.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Бредшо беше строг, но не и неумолив.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Неговиот обичен разговор со пониските беше строг и се состоеше речиси од три реченици: „Како сте смееле?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)