бев (гл.) - стрелан (прид.)

Да љубиш ќерка на обележан колаборационист, кој, впрочем, веднаш беше стрелан, тоа во оние времиња беше како да носиш активирана бомба под мишка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но многу други стрелаат нечии синови. Многу синови на неплодната земја беа стрелани.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе изумев и неколку важни податоци: апостолскиот легат беше истеран од земјата, спаси глава во последен момент, ама не спасија уште двајца виновни бискупи кои беа стрелани, покрај многу други католички свештеници...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)