бев (гл.) - стар (прид.)

А да беше старата питомина во мајкиниот поглед, таа сигурно благо ќе го прекореше оти костумот му е толку искинат и бербатосан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога ќе види, што ќе види: мајчиниот топол поглед заменет со мртовечки череп, како оние што ги има на секој трансформатор насекаде низ светот и под кои пишува: внимавај, опасно по живот!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тој знаеше дека Грабула добро ќе плати за оваа „ситна" работа, бидејќи тие беа стари муштерии, но се изненади кога слушна дека бараната мариовка навистина ќе бара пашапорт.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедото на Трпе беше стара комуњара која ги имаше научено сите финти за праење мучки и дубари у системот, но овој пат гадно наеба.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Куќите што се потпираа врз ѕидовите на гимназијата беа стари, неугледни, сиви: ниедна од нив не беше таа толку таинствена куќа во која влеговме еднаш во деновите со магла.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Пилињата, што тој ѝ ги покажа на Рози кога беа стари само еден ден, сега сѐ уште немаа гребени и кикиришки, и личеа како мали кокошки, гиздави и убаво покриени со мазни пердуви.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Без да им покаже мајка, како да јадат и пијат, пилињата, кои беа стари само еден ден, се туркаа околу храната, мрдаа, се буткаа со крилцата, ги движеа главчињата горе-долу, и со клунчињата тупкаа и штипкаа од кашичката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се врати внатре да си ги земе очилата, зашто веќе беше стар и без очила слабо гледаше, па излезе надвор на светлост и ја прочита пораката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Беше стар, раздрнкан, со оветвена црвена боја, и на Димче не му се допадна.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Облеката му беше стара, истуткана. На ракавите и на колениците имаше големи крпи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ќе чита ли некој? Книгата беше стара и распарчана, со жолти и нагорени страници, истуткана од носење по џебови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Команданти ни беа поголеми мрсулци од нас кои бевме стари од три до четиринаесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нѐ истуркаа од камионите и нѐ тераа да трчаме, да клекнуваме и стануваме, да скокаме, а скоро сите бевме стари и изнемоштени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ете, тоа е човекот - грамада, смеа и плачење, борба. А едно грутче земја го надживува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мојот тест не беше стар, Лозане. Умре од уплав.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги следеше посмртен марш, се упатуваа кон отворена гробница околу која беа старите превоспитани логораши со лопати живи да ги закопаат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не беше тешко да се разбере оваа филозофија на вазалска потчинетост, којашто во овие картагински простори, во кои беа напластени неколку слоеви цивилизациски мудрост, продолжуваше тивката и жилава борба за опстанок, чиј вистински човечки спец-мен беше стариот градинар.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Станбената зграда „Победа“ беше стара, изградена во триесеттите години, или приближно тогаш, и становите се распаѓаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ што беше старо, па според тоа убаво, секогаш беше на некој начин сомнително.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што ненадејно го здогледа во светлината на ламбата беше дека жената беше стара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дрвената рамка му беше стара, распадната, тоа на повеќе места олупено и прошарано со темни бемки како бемките на снагата од Богуле, но сепак и понатаму можеше човек да се огледа во него и тоа цел од нозете до главата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Лав, муабет, си го кажа алот! Бабата Бисера беше стара вештица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука беше стариот мудур, ќатипот, мулазимот, коџабашијата Лесната, Колобан, Младин, Чкулот, Мисирлијата и поп Петко — на крајниот лев агол, додека од двете страни на сцената стоеја даскалите со дедот поп Глигорија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нашата куќа на албанскиот брег на езерото беше стара близу стотина години.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Прво навратија во неколку барови. Во едниот барменот на Елефтерија ѝ беше стар пријател.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Облеката му беше стара, истуткана. На ракавите и на колениците имаше големи крпи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)