бев (гл.) - спуштен (прид.)

Татковата глава беше спуштена на бирото, врз отворените книги и сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Зад затворените пенџериња уште беа спуштени тешките, дебели пердиња, а во малиот двор, градинката и колјата, пред нивната куќа - ништо не се меркаше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Влажните облаци беа спуштени ниско, а ветерот го двиѓеше сињакот околу селото, така што куќите во долината изгледаа како во вител без дно, недостижни.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За нив завесата беше спуштена. А за мене драмата продолжуваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Уште еднаш беше спуштена завесата на новиот чин на траги – саркастичната фарса.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
XXII Уште еднаш беше спуштена завесата на дополнителниот чин на траги – саркастичната фарса на Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Затоа околу полноќ појде кон далечната перифериска двокатница и виде дека облаците беа спуштени над неговото теме сосем ниско.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Очите му беа спуштени кон земјата како да разгледуваше некоја бубачка што ползи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На предното седиште седеше тој; беше свртен во полупрофил; ќелата му беше црвена, вжарена, брадата му беше накострешена; зборуваше нешто, но не можев да слушнам што; при говорењето, една жила на вратот му се затегаше и се дуеше како да ќе пукне; одеднаш, до мене доплови само откршок од разговорот: „Ти мораш да го пријавиш тоа, ако не го пријавиш, ќе имаш последици“, рече тој; рацете му беа спуштени под воланот; десната му беше подадена кон седиштето на совозачот; во еден миг се навали кон назад на седиштето и на другото седиште ја видов Луција; очите ѝ беа затворени, носниците ѝ се ширеа (и денес не знам дали е тоа возможно, човек од десетина метри, наспроти сонцето, да види дека се шират женски носници: дали тоа беше истата онаа слика на Луција од разбојот); по образите ѝ се слеваа солзи; да, сигурно видов дека Луција плачеше за еден миг, а потем престана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Очните капаци мирно му беа спуштени.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Удри гром над главите створи пукнатина, белите скалила што беа спуштени, застанаа пред нозете на Дедо Мраз.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Европа беше поделена. Подоцна се извиши и Берлинскиот ѕид како најголема граница на Европа! Беше спуштена железната завеса.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тишина... да речам - дури штама во станот... се слуша само рамномерното чукање на ѕидниот часовник.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ме зафати пријатна свежина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Беше мрачно и свежо затоа што ролетните беа спуштени. - Дома нема никој.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во тоа време, на студена војна, кога среде Европа беше спуштена железната завеса, кога таа се наложуваше како неминлива граница помеѓу народите, Цветан Горски, знаеше дека во земјата имаше умови кои се противеа на новата поделба на сталинизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
XXV Ноќта веќе беше спуштена над Езерото. Се палеа светилките околу Езерото како голем бисерен ѓердан.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)