бев (гл.) - способен (прид.)

Кога беше во прашање лотаријата, дури и луѓето кои одвај умееја да читаат и да пишуваат беа способни за сложени математички операции и за изненадувачки подвизи на меморијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се радував зошто не беше способен да ме малтретира, сѐ уште снагата забрзано му трепереше од дејството на правот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Едната се однесуваше на степенот до кој тие беа способни да ги избегнат таквите форми на однесување во тек на поголемиот дел на интервјуто.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Потоа баравме потпорна точка, основа на обидот за промена на нивниот однос и успеавме да откриеме неколку области на однесување кои не беа под доминација на спротивставувачките форми на однесување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На Ана, која очигледно не беше способна да биде мајка, судот ѝ го одзема детето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ниеден систем тоа не би можел да го спречи во потполност; всушност, до 1990. година, и покрај потрошената сума од 10 000 милиони долари годишно, федералната влада не беше способна да спречи 22, 7 одсто малолетници на возраст од 12-17 години, да ги пробаат забранетите супстанции.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Другиот проблем се однесува на младите, кои несомнено би можеле да набават дрога исто како што можат да набават цигари и алкохол.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не бев способна да возам. Нарачав такси.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога ќе дојдеше мојот ред јас да кажам нешто за моите проблеми, за моите чувства, јас за тоа не бев способна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Но, тој јасно ја гледаше, ја чувствуваше болеста, оти животот веќе подолго време му беше на пауза и не беше способен да прави ништо друго.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа полека го стегаше својот смрдлив обрач околу зградата и никој не беше способен да го спречи да влезе во неа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тоа што не бев способен да ти го дадам, зашто немав ни вид ни слух за неговиот сјај и звук.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вистината беше проста и гола како нож: неговите раце не беа способни за битка и предавнички се тресеа, беа престарени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие не го слушаа него, имаа свој и поинаков ум, кој продираше подалеку одошто тој во моментов беше способен да сфати.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не беше способен да размислува, а чувствуваше дека е должен на некој начин да пронајде лек за својата загриженост, за својот страв, да пронајде начин да се одржи во оваа дивина, во оваа осаменост, да го зачува и добитокот и колибата, и се убедуваше дека постои некое решение, убеден беше дека постои. Само какво?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој веќе од поодамна не беше способен да ора и да сее, а син му Тодор, таткото на Бојан, сметаше дека сеидбата в планина е залудно фрлен труд.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лена одвај дали проговоре. Не беше способна да зборува.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Другите, нови во верата, не беа способни да преминат преку нејзината релативно симплистичка верзија и се чувствуваа несигурни без уредно спакуван комплет на правила и прекори.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Го насади ли дрвцето, пак прашуваше старата - таа ги знаеше сите негови движења, колку помалку беше способна за сопствени.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А бев способен да го прифатам и начинот на работата и стилот. Margina #21 [1995] | okno.mk 21 - Како ви појде од рака да го остварите кадарот во кој Новело чекори таму- ваму над нивните глави?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мажи и жени кои беа способни за борба, ги собираа и ги праќаа на борбени позиции.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тоа што остана, а малку беше способно, го собираа и одвај чекаа некој да потпорасне и во бој.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
4. Не бев способен да го разликувам просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)