Мајка навидум беше смирена и даде знак да почнеме да јадеме, особено ние помалите деца.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Госпоѓа Камилска, сепак, беше смирена и спокојна што нејзиниот сопруг по враќањето од Голи Оток беше конечно смирен во еден подолг период во мирната и утешна работа со Татко, стравувајќи што ќе биде подоцна со него кога ќе заврши со работата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Татко ја убедуваше Мајка, смирено и сталожено, но чувствувајќи го нејзиниот внатрешен немир, дека наскоро ја привршуваат работата со Камилски и тогаш целосно ќе им се препушти на семејството и децата, макар што не сакаше да нагласува колку работата со неговиот пријател беше за доброто на децата и потомците. И така сите трпеливо го очекуваа крајот на мисијата...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Иако навидум состојбата беше смирена, столчето на Рада во заедничката трпезарија за време на ручеците, секогаш беше празно.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Изутрината Матеј ми даде лексилиум на двапати, па бев смирена.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Старецот го погледна и му се поднасмевна: „Со празни раце доаѓаме нa овој свет и кога ќе го напуштиме, ништо не можеме да понесеме со себе“.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Гласот веќе му беше смирен, плачот беше престанал.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Беше смирен. И не беше уплашен од тоа што го чека. Уплашен беше бегот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
По долго мачење, најпосле ја надви. Кога ја отпушти, таа беше смирена, но уште липаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сега гласот му беше смирен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Иако веќе беше смирен, не се повлече од неа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Беше смирен човек, не паѓаше лесно во стапиците на вознесот, на оптимизмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Затоа беше смирен, колку и да беше погубен за сите нас гласот од радиото: – Планот за уништување на козите е разработен и до најмалите подробности, на високо републичко и највисоко федерално ниво.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Жената беше смирена. Ова не беше прв пат во тие тешки денови, кога се бореше да го спаси патот на јагулите, да го гледа како зборува на сон.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Погледот на лицето од болничарката беше доволен за да сфати дека никаква молба нема да ѝ помогне пред таа џиновска жена во униформа која, поради нејзината извонредна сила, ја викаа Херкулина.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тие всушност беа смирени со седативи, а оваа сенишна градба со дебели камени ѕидови и студени столбови беше болница за душевни болести.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)