Се гледавме едноставно и обично, како да бевме случајни минувачи во парк со птици.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Понекогаш, не познавајќи ги месните услови, наме сто да помогнат, му носеа штета на движењето... членовите на ЦК беа случајни личности.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Нема да ги спомнувам другите поединости кон кои упатуваше поткренувањето на раката што го водеше мојот поглед кон тумбата, бидејќи уште веднаш сфатив дека нејзиниот избор не беше случаен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- А и не беше случајна посетата на Огнена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се интересираше за времето на погребот. Кој ќе присуствувал ?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Оттаму, од нејзината могила, таа ќе ја гледа куќата во која ги поминала сите тешки и сите среќни години, како и најголемиот дел од патот, оној единствен пат по кој во една далечна ноќ се качуваше кон ѕвездите и кон планината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И не беше случаен фактот што јас, амбасадорот во неодамна признатата држава Палестина, дознавав од градинарот за почетокот на американско-палестинските преговори во Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нејзините амбасадори го насетуваа скорешниот бродолом, стануваа последните протагонисти на утописката конструкција која ги покажуваше првите знаци на својата неодржливост.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ако настојаував трезвено да ги разгледам сите поединости, а притоа да не се либам да отфрлам и некои оценки што можеа да предизвикаат спротивен ефект, сепак добар дел од забелешките не беа случајни и бесмислени.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Милувајќи се во ливадата, се присетуваа на нивната прва средба што се случи во неа; средбата беше случајна: тој пасеше теле.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)