Посматрав како гостите ја користат оваа заедничка софра - секој беше скромен.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Стерлинг го знае нејзиниот брат кој има појачало и тој ни рече дека може да го земеме тоа појачало само ако ја земеме неговата сестра да ни свири тапани”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На Велвет им беа потребни појачала, па повикавме неколку продавници и се обидовме да ги набавиме бесплатно, но сѐ што успеавме да добиеме беше скромен попуст ако платиме во готово.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тука се појавуваа еврејски весници на француски, функционираа училишта на Аллианце Исраелите Универселле, имаше банкарски куќи како Тиано со експозитури во Париз, Трст, Џенова, Марсеј, Лондон и Женева, а во градот дејствуваа клубови што носеа имиња Церцле дес Интимес, Нувеау Цлуб, Церцле де Салониљуе...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Татко ѝ беше скромен човек, крпач на чевли, кој од својата работа едвај излегуваше накрај.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Двајцата се воодушевуваа од севозможната, етнички мешана и така питорескната костимографија на градот и особено на нивните едноверци - некако не им одеше веднаш да кажат „сонародници” зашто беа толку различни од нив - од кои најголемиот број беа скромни луѓе, постарите сѐ уште облечени традиционално, со фесови, антерии, широки женски здолништа со долга престилка и специфични женски капи што ѝ личеа на дајриња ставени на глава и врзани под брадата, сите дотерани на туѓ, ориентален начин.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Меѓутоа, за вистината, тој беше поскромен човек, а над сето веќе смртно беше вљубен во својот позив и камбанчето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Лицето на тетка ми како да го огреа сонце, но поради тоа што беше скромна, само го спушти долу погледот и ги крена рамениците.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Навистина, куќата на мојата друга тетка не беше така репрезентативна, голема и блескава како куќата на тетка Олга, но барем се влегуваше преку влезната врата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Да, моите родители беа скромни и чесни, и заради скромноста и чесноста ме избркаа од дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сакаа да ја спасат честа на моите сестри, а знаеја дека никој не ќе сакаше да се ожени со нив ако се расчуеше дека сум забременила.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се сети на татко си и на мајка си. (Умреа и обајцата кога тој сè уште беше скромен помошник на надзорникот на царските штали и тој дозволи да им се обградат гробовите со камен и да им се подигнат надгробни нишани).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Се распрашуваше и му кажуваа. По буните и војните наидоа безредијата, немаштијата, гладот и разните болести.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)