Но мрежата на кокошарникот не беше скината, а вратата беше цврсто затворена со резето.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Како краен резултат произлегуваше грдото уверување дека се она што го сторив со своето заземање за скапоценостите на Цвета Басотова било всушност последица (или каприц, како што просудија други поединци) од мојата неразумна вљубеност во Басотова. (А се знаело какви недоразбирања создава неразумната љубов).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Требаше да се смири времето, брановите, па границата, ако не беше скината долгата сајла, да се врати на старото место и да се појават белите гумени или метални балони, врз кои најчесто запираа уморните галеби летајќи од едната во другата земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И чевлите веќе беа скинати и тукуречи газевме на голо стапало.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Најтажното во случајот со Басотова беше дека со нејзиното повлекување од обвинението алката беше скината, а без неа, без таа алка, барем во овој јасен случај, не можеше да се затвори синџирот на самоволието, алчноста и другите несреќи кои за волја на вистината и не беа почнале ниту пак завршија со случајот на Басотови.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)