бев (гл.) - скапан (прид.)

Не умревме кога бевме скапани сиромаси та зар сега кога си го наредивме животот!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нозете му беа скапани од одење, од селото Сопот па до Опленец пеш во знак на почитување.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Душемето одамна веќе беше скапано и повеќето распаднато и со неколку пармаци останати од оградата на чардачето што сега беа виснати држејќи се само на по една шајка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)