бев (гл.) - ситен (прид.)

Тој беше ситно суштество, помал по раст од Винстон, со темна коса и со големи, испакнати очи, истовремено тажни и потсмешливи, кои како да му го истражуваа лицето на соговорникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А баба беше ситна добродушна женичка секогаш во сенка на строгиот и авторитетен дедо.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Беше ситен и неугледен. Со некаков темен тен и малку подостарен за годините со премногу брчки на челото и околу очите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа беше ситна, со мали тврди бутови меѓу кои Ниротакис на моменти нагло го смируваше темпераментот, со бавни и нежни лизгања својата набрекнатост ја спушташе кон дното што го насетуваше во талогот вжештена слуз, потоа се враќаше назад, исто така бавно и нежно, додека Деница ја поткреваше половината, се поддаваше нагоре, а тој на таквиот знак на понуда за игра одговараше со изненадно менување на интензитетот на движењето, низ брз ритам што предизвикуваше силни крикови на обострана сласт и задоволство.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа беше ситна четириесет и петгодишна жена, весела по природа, комуникативна, но сосема незаинтересирана за она што се работеше во Прифатниот центар.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нека се знае што беше ситната трговска боранија некогаш!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Со таа разлика што стрико Божин беше ситен, мал човек, веројатно на баба ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кришум го гледав момчето, бев ситен и бесполезен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Едниот беше ситен и неспокоен, во туѓа износена облека, другиот полн, мек, сипаничав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)