Попатната панорама беше сива, полињата без снег, освен во планините.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Притиснатиот град беше сив; низ тоа сивило полека се проткајуваа непознати шумови згуснувајќи го уште повеќе сивилото.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Облаците го поклопија градот, беа сива корица на една книга со многу испреплеткани тајни.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сѐ уште неукрасена со неонски знаци и табла за привлекување на вниманието, таа беше сив, гол, колосален надгробен споменик.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Пред нејзиното мисловно око целата околина почна да ѝ се одмоткува како филм, и имаше нешто утешно и мило во врска со супермаркетите, бензинските пумпи, ресторанчињата, кината во кои се влегува со автомобил, гостилниците, ретките анахрони фарми, чии плевни и амбари беа обоени со црвена боја и беа сиви и обелени од временските влијанија, автопатиштата со надвозниците и подвозниците, и со кружниците, каде што секогаш можеше да се сврти во правец спротивен на оној во кој сте оделе.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Неговите усни беа сиви и натечени кога му говореа на шумот на зрелата 'рж и тој по секоја чаша ме тераше да те разголувам за него, се додека со страшен удар не ќе му ја смачкам муцката.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На сртот, во таа од роса влажна мугра, стрико Благоја им ги виде лицата на партизаните - беа сиви, изморени, со темни сенки под очите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Студено го пречекаа. Нивните очи беа сиви, нељубезни.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Долго зборуваа собрани во една земјанка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Та не бев само јас што носев црно...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Вистина, мајка изгледаше многу уморна, ама под црната шамија косата и беше сива.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И си реков: како ли ќе биде без тате?!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Неговите усни беа сиви и натечени кога му говорев за шумот на зрелата `рж и тој по секоја чаша ме тераше да те разголувам за него, сѐ додека со страшен удар не ќе му ја смачкав муцката.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Месечината беше високо горе, чиста и јасна меѓу ѕвездите, а куќите беа сиви и неми.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)