Црквата грмеше од хорот а многумина патници и гости беа седнати на столовите, слушаа и се одмараа...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Афз Б. и Мустафа С. веќе беа седнати на своите вообичаени места крај масата на чардакот, загледани во водите на блиската река.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тројцата веќе беа седнати на масата и го чекаа постариот им син, да ја донесе новата девојка за да ја запознаат.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
На терасата околу една тркалезна маса со бел чаршав беа седнати другите членови од делегацијата – директорот на театарот, режисерот и актерот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Дојде за десетина минути. Седнавме на кафе „Кај Фуфо“, мислам дека сѐ уште помнам во кое ќоше од кафеаната бевме седнати.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
И вратата има свој метален, сив дупликат, кој автоматски се затвора откако ќе се притисне копчето за катот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се најдоа пред некоја пресушена чешма... споменик од партизанските денови со срп и чекан врежани во каменот... не се најдоа, туку беа седнати на два стола со грб еден кон друг... како да беа наместени за почетна сцена од енкоја претстава (куклена?)... но тоа воопшто не ги вознемири... напротив, таа поза на вкочанет живот им се чинеше дури обредно-свечена... се вртеа бавно... како во сон... додека не се соочија... со несентименталниот објектив... и додека апаратот чкрапаше почувствуваа... неѕависно еден од друг... нејасно... нешто се менува... и нема да биде онака како што беше... и кога столовите ќе останат празни... а потоа ќе останат празни... а потоа ќе пристигнат следните анонимни седачи... враќањето во колорот, пред телевизорот во станот на г-нот И., е кога ја даваат временската прогноза.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
На една од клупите беа седнати двете жени кои ги запознав со Отла претходниот ден, Лина и Ева, и уште две жени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Седнав на една поодалечена клупа од нив, а кога, по некое време, Лина и другите две жени си заминаа во бараката, Ева ми пријде и праша дали може да седне до мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Цела лажица пикна в уста.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Виде семејство собрано околу трпезата: трите деца и таткото веќе беа седнати, мајката сè уште стоеше и ги послужуваше, обидувајќи се – како што можеше да открие според нејзините движења – да ја задоволи нетрпеливоста на двете постари деца коишто мавтаа со лажиците и се врткаа на столчињата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)