бев (гл.) - свртен (прид.)

Ситуацијата е толку очајна што очите на Европа и светот беа свртени кон мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Иако беше свртена накај багремите - старицата не ги гледаше веќе чаршафите прострени под нив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Други простори гонеше сега нејзиниот поглед - гледаше со очите на срцето, кое летна и ја одведе далеку од оваа куќа, од овој град...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас со грбот бев свртена кон вратата и не го видов кога влегол, не го видов сè додека не застана до масата.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога јас веќе бев на тротоарот и практично можев да ја кренам главата, тие двајцата веќе беа свртени со грб еден кон друг, и со тоа и кон мене, разделувајќи се.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Беше покриен со чаршаф до гркланот. Ноздрете му беа свртени кон таванот како двоцевка.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За разлика од досега, кога светот го гледаше само надворешно, сега за првпат , погледите на Еразмо беа свртени кон сопствената внатрешност. Од и поради немоќта!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа отиде до долниот дел од креветот, и ги бакна нејзините стапала, кои лежеа на работ од постелата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отиде до креветот на Клара, се приближи до нејзината глава, ги намести усните како да ќе ја бакне, но таа беше свртена кон ѕидот, а креветот беше превисок, и тој не можеше да стигне до нејзиното лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со вешто исплетени дезинформации, преку некои македонски орудија во рацете на бугарската пропаганда, ТМОРО беше свртена не само против Мисирков, туку и против целото ова движење што го раководеше МНЛД на чело со Д.Д.Чуповски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Луѓето заслушнати, заприлегаа на згуснати сенки. Нивните лица беа свртени кон очите на момчето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иако беше свртена кон мене иако не можев да и ги видам очите,таа гледаше преку мене и низ мене чекајќи го оној, вистискиот, да и вдахне живот, да врати крв и надеж во нејзиниот призрак.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Геле Накотник мерејќи ги со недоверба четирите деца што зејгоресто беа свртени кон него, и рече на домаќинката дека ќе му искрши ребренце или две на никаквецот и, додека Јага го советуваше навистина тоа да го стори, си отиде со стиснати тупаници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Прозорците што беа свртени кон водата биле лоши места, тука навраќале водните духови за да ги будат луѓето. Оттаму се случувало секој ден понекој да скокне.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сите очи жедно беа свртени кон тоа дрво.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Забите му беа свртени кон мракот, мракот беше прежилав и за волчи апежи, густото тесто на темницата претврдо за сите остри белини на светот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најпосле беше свртена страницата на историјата од владеењето на сенилниот владетел и беше запрен неговиот мит.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Литературата веќе беше свртена страница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој неочекувано мина на суштинското од разговорот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бурниот живот, секојдневната напнатост во создавањето на државата, во нејзиното одржување, ги беа оставиле длабоките траги, но ја беа подзасилиле, можеби до патолошки димензии, опсесијата на владеењето, неговото верување во неприкосновено месијанство...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Девојката од соседната маса делумно беше свртена и гледаше во него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За среќа, кога ја развитка, таа беше свртена наопаку од гледна точка на телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сета нивна крвожедност беше свртена кон надвор, против непријателите на државата, против странците, предавниците, саботерите, мислопрестапниците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лилица и Азра тоа не го слушаа, беа свртени една кон друга, се гушкаа и се бакнуваа, кикотејќи се и скокајќи по телото на Андон.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со благо склопени дланки, кренати во височина на градите, беше свртена кон прозорецот на кој се насетуваа првите знаци на зазорувањето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сите погледи беа свртени кон госпоѓа Мариела која отиде зад катедрата, ја отвори фиоката и оттаму извлече папка со материјали.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа личеше на ловец, и целото нејзино внимание, целата грижа, беше свртена кон тоа да открие што има таму зад тој, мајката чувствуваше, присторено весел израз на лицето на чедото.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа секогаш, инстинктивно, беше свртена кон иднината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оние што беа свртени кон југ се напрегаа да ѕирнат зад голиот за да го видат неголемото плодно земјиште скржаво да затвори стотици гладни усти. Судбината - алкохоличар. Како тој.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа погледна зад себе и стори чекор назад.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Или веќе мислиш дека знаеш оти спомените не се здрава храна? - рече таа но овој пат беше свртена кон Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ова им го реков и на двајцата, иако бев свртена само кон Семјона.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа сѐ уште се кикотеше и се обидуваше убаво да го смеси растуреното ќофте.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ане му беше свртена со грб и не можеше да го забележи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И нашите две перници беа свртени една кон друга и во еден глас нè укоруваа: - каде сте вие до сега?
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Секогаш ролетните ги држев спуштени до доле, иако прозорците беа свртени кон Запад па ионака не влегуваше многу светлина внатре - а и ѕидовите беа обложени со ламперија.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Неговата подвижна библиотека во егзилот за секое значајно дело и настан во неговиот живот беше свртена кон потрагата на идентитетот на својот народ, за неговото илирско потекло, историската изолација во која гледаше причина за постојаниот егзил на својот народ од кој не беа изземени тој и неговото семејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Двајцата беа свртени кон третиот на отажниот крај на гредата кој со двете раце беше потпрен на патерица и нешто им раскажуваше на другите двајца.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)