Таа впрочем убаво укажуваше на смислата на постоењето на дипломатијата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А пак ѕидиштата беа своевидна атрактивност, која на друго место не сум ја среќавал.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За мене тоа беше своевидна парафраза на Монтењовата дефиниција на пријателството според која секој си останува со своето, свој во пријателството.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Влегувањето во црквата беше своевиден свечен чин, зашто со тоа секој му се претставуваше и на Бога ама и на луѓето, чии очи највнимателно ја следеа секоја постапка.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)