Ме остави, после го остави и него.“ Не беше свикната да го види таков, мрачен и скршен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И пак се спуштија. Не беа свикнати на гордост.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во тоа време веќе бев свикната да не се изненадувам кога ќе го видам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И небото и таа земја, врзани со линијата на ридот зад урнатиот манастир, немо ги слушаа сите наши болки зашто беа свикнати на човечки мачења какви што беа нашите - само небото во тие мигови можеше да знае кој и како умира на земјата, тоа небо на светци со мртво лице на еден мртов Јаков Иконописец и таа земја во чии мочуришта живеат острозаби чудовишта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Едноставно, се појавуваше секогаш кога ми беше потребен или кога имав желба да го видам и да си поразговарам малку со него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Над нас мракот беше испресечен со зелени пукнатини, под нас земјата се грчеше од гнев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Никој не реагираше, значи, сите беа свикнати така како што зборува Ивана и со трпение ја слушаа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Таа живееше врзана во стреата, каде што ја беше преместил од поодамна дедо Димо, откако Стрела беше свикната на неа и веќе не ја напаѓаше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)