бев (гл.) - свеж (прид.)

Тој беше еден од малкуте што имаа храброст да ги изложат застрашувачките остатоци од таа трагедија но истовремено и да ни укаже на тоа дека нашите грешки не се прават само кон човекот туку и кон природата и животните.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Денешната структура на демократијата покажува дека ништо не е изменето во однос на неговите аргументи...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Порано, кога Бојс се интересираше за Штајнер, оваа духовна состојба (и величањето на индивидуалноста), наспроти националниот иден­титет беше свежа идеја, и по војната тоа беше единствениот можен пристап.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ноќта беше свежа и тој се вкочанил, студено му е.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ја бакна и прегрна сопругата означувајќи го врвот на своето убаво расположение.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И обајцата, Татко и Камилски, крај нивните обединете обединети и ширум отворени книги за балканските јазици и балканското јаничарство, не чувствуваа никаков замор и беа свежи и орни да го продолжат својот долг разговор, небаре најдени пред нивната духовна еурека спроти целосниот блесок на сонцето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Често се случуваше при враќањето од работата со Татко, занесен, да ја одмине кујната и замислено да се втурне во библиотеката, за да запише некои мисли кои му беа свежи во главата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веднаш, додека трагите беа свежи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш, погледнувајќи во брата си, кој ги јадеше сендвичите, што неговата сопруга утрото ги спакувала додека сè уште беше свеж од тоа што ја прегрнуваше, го обзеде неумесно и необично чувство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Денот беше свеж, воздухот чист, полн со мириси на полско цвеќе кои ги носеше ветрот од пелистерските падини.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се плашев да се погледнам, се плашев да се истуширам, бидејќи тогаш морав да ги вадам завоите, а лузните сѐ уште беа свежи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Па сепак, кога стаса беше свеж, како да патувал во вагон за спиење на експресен воз - само дланките му беа црни, како да дробел селски тутун.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш уште беа свежи реакциите од сталинистичките монтирани судења во неколку земји од источниот блок.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пред него беше нашиот вујко Косров, огромен човек со калеша глава и со најголеми мустаќи во долината Сан Јоаким, човек толку буен по темперамент, толку раздразлив, толку невнимателен, што секого го запираше да зборува со рикање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Воздухот беше свеж и пријатен за дишење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа беше пред четириесет години и сѐ беше свежо и ново.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога сметот беше свеж не беше така лошо, но кога беше повеќе денови стар, тогаш беше лошо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)