И оваа рака не беше родена по цел ден да куцка на тастатура, туку со мал знак да испраќа на губилиште или да дарува живот, и потоа лежерно да ја подава, за бацирака.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Затоа што таа љубов е мојот живот, за таква љубов бев родена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Те носев на душава уште од почетокот на моето постоење, за тебе бев родена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Чувствував немир низ животот, со него дојде и болката и копнежот, глад и жед и една голема празнина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Љубов која прави да гледаме во светот низ очите на божественото срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Но поради фактот што обајцата беа родени во времето на оваа империја, и годините на детството и младоста ги поминаа во времето на Империјата, како сведоци на нејзиниот крај, не можеа да не дејствуваат во борбите да не превладее реваншизмот и да не започне војна против сите вредности, меѓу кои, не малку од нив беа влеани во нивните архетипови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нејзиниот свет беше селото каде што беше родена и атарот на Куманово каде што се наоѓаше нејзиниот дом.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Отец Симеон му се смееше на господа, под црна неверничка ѕвезда беше роден Отец Симеон. ...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најпосле, Долнец му беше родно место, таму се родил.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
А не беше родена кога мене ме чуваа чичковците.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Мајка ни била малку разочарана затоа што сакала син, а татко ни пресреќен.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Хана Минцер кај него ја сакаше неговата јудејска страст која ја потсетуваше на далечни земји и на егзотични мориња со сини и топли води над кои кричат галеби, наспроти студеното море и небо кај Данцинг во кое имаше челична боја и близу кое беше родена и таа, како и неколкуте генерации на нејзините германски предци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се случуваше како дете да влезам во Католичката црква во Скопје, која беше близу до куќата во која беше родена светицата Мајка Тереза и да забележам многумина од сребрарската работилница од источниот дел на градот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
- Како кога уште не бев родена? - праша таа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Да не беше родена, немаше кој да ми пречи.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тие двете не беа родени ороспии, ама ги поплати сиромаштијата, домаќинот ги остави и отиде да војува, ама бидејќи ја изгуби војната, од срам што немаше што да јаде, се обеси во канцеларијата на својата патриотска политичка партија, така што на овие двете не им остана ништо друго освен да се најдат на улица каде што им беше фрлен и домаќинот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Го фасцинираа езерските птици, кои по долгото летање во светот, во одредени временски интервали, се враќаа во гнездата каде што беа родени и тука умираа.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)