бев (гл.) - распореден (прид.)

Натан ‘Лардес’ Ливајн, специјалец, беше распореден во истиот баталјон, истата чета, истиот кревет, веќе тринаесет, накај четиринаесет месеци.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сега се отвора нова страница во мојот живот како прва страница на роман што можеби некогаш ќе го напишам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Прва од левата страна на масата седеше Деница, до неа, од нејзината десна страна, беше Африм, потоа навкосо кон нас беа распоредени Стево Трајчов, Азра, Јованче Крстов и Круме Волнаровски, човек со искуство во професијата, за кој ме врзуваа многу нешта во изминатите седум години, а тоа беше времето на неговото началникување со Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сите тие беа распоредени од мојата десна страна (освен Ема, која седеше на левата страна од мене, и не можев веќе никако да ја видам како што не можев сега да ги погледнам оние три букви од кои двете крајни извишени и споени со мало и, она НиЕ на средината од пластичната папка на досието што стоеше на десната страна од мене, на масата пред мојот адвокат Стојко Руменов кој лактите ги имаше ставено токму на папката, со лесно спуштени образи во дланките, чекајќи го отворањето на судскиот процес) и сакав во тие мигови, кога сè се одвиваше надвор од мене, да се обидам, со благ засек на сечилото откосо, онака како што јас можев да го направам тоа, да ги расфрлам сите деланки под кои се крие вистината за овие луѓе за да допрам барем дел суштината на која, отплеткувајќи го клопчето, ќе цели судијката, жена од педесетина години со несредена, со бела, како снег бојадисана коса, и со силно нашминкани усни, но истовремено во мене се раѓаше отпор кон таквата намера која требаше да ме врати на почетокот, а јас се плашев и бев преслаб сето тоа повторно да го изживеам на начин како што го живеев дотогаш и затоа ставив црта, и си реков: „Ова е крај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Илона беше сместена во единствената еднокреветна соба на првиот кат, на кој беа распоредени три канцеларии (едната за директорот на Центарот Стево Трајчов и двете за шесмината воспитувачи што работеа на три смени), а во продолжение, на крајниот дел од зградата, беа кујната и трпезаријата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Околку крстот, по жолтото, беа распоредени домашни животни: коњ, куче, петел, крава...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На Рива Руж, шеталиштето сместено до самата песочна плажа, беа распоредени тезги со разна стока.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Долж целата десна страна беа распоредени три простории: едната беше убаво наместена канцеларија на сопственикот на механичарската работилница „Лихнида“ на Едо Бранов од Охрид, а во другите две соби, во продолжение на канцеларискиот простор, живееја двајцата од вкучно четворицата вработени работници.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вујошевиќ има склучено договор за вработување на неопределено време и, пред да настане конкретниот спор, таа веќе имаше остварено работен стаж од 17 години во истата организација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во мај 1998 – со Решение бр. 0402/84-7, Вујошевиќ беше распоредена на повисоко работно место, кое ризикуваше и зголемен обем на работни обврски и одговорности, но тоа не беше пропратено со соодветно зголемување на платата, а плус и истата се исплатуваше нередовно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Покрај ова, некои покренаа и тужби против Синдикатот – за кои, според Вујошевиќ, реално се немаше право – а сепак беа донесени позитивни одлуки во врска со тие спорови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според систематизацијата на работните места таа првично работеше на работно место стручен соработник во Стручна служба, а од мај 1998 беше распоредена на функцијата раководител на Службата за материјално-финансиско работење, за којашто се бара завршено високо образование – економски факултет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На 10 јуни 1993 македонската влада го прифати предлогот на владата на САД да испрати контигент од околу 300 американски војници во рамките на составот на мировните сили во Македонија, каде веќе беа распоредени 700 нордијски војници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 12 јули 1993 во Скопје пристигна првата група од 260 американски војници која е придодадена на постојните сили на УНПРОФОР за Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Собите кај него беа распоредени доста далеку една од друга.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го прашав повторно, се осмелив, дали нема да пречи ако пак почнам да барам... да ги читнам пак малку „огласите”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вистински безобразен гад... Бестрага!... Доста беше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Заедно се вративме во Грамос и бевме распоредени во истиот вод.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мајка се беше подготвила пред заминувањето. Беа распоредени сите снаи, ќерката, синовите, да не го оста­ваат сам Татко кој, тогаш, поради шеќерната болест, беше под строг инсулински и диететски режим.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)