бев (гл.) - расположен (прид.)

Кога дојде во С. во врска со водоводот, беше расположен, дури и повеќе од тоа, зашто мислеше дека успеал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во огромното пространство, на кое беше расположена Зоолошката градина, не беше тешко да се снајде.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Малку искарикирано, Цви ѝ ја пееше песната кога беше расположен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш Солун ѝ мирисаше на мајски цутови и на нова надеж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мама беше многу здодевна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не бев расположен да ѝ раскажувам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бараше да ѝ раскажам како ми поминал првиот училиштен ден во петто одделение.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но неговата долга брада и големи мустаќи обесени надолу го правеа многу постар отколку што беше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беа четниците на прилепскиот војвода Петре Ацев, коишто денеска особено беа расположени.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Требаше да се прекопува и расчистува, но Кети не беше расположена да го прави тоа, иако сметаше дека остатоците во бавчите би требало да се отстранат колку што е можно поскоро, како и остатоците од човечкото битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Џивџик беше расположен да објаснува уште долго, но доцна беше и малите ластовички требаше да си легнат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој веќе цврсто беше решен да не го отстапува станот но не беше расположен за карање и расправии.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не бевме расположени да се расправаме и со него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се разбира, тоа при особени случаи, кога беше расположен за шеги.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Велат дека судбината тоа никогаш не му го прости!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш не беше расположен директно да одговори на ова прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никогаш не бев расположена, ме уби чувството за мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Стрина ми беше добра, сè што можеше помагаше, а и чичко ми сега беше расположен.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кумот повеќе пати се присетуваше на таа последна средба што ја имаа со тебе: „Колку беше расположен таа вечер, како да сакаше да ни приреди проштална вечер…“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ти беше расположен, си дискутираше со нив за многу работи, се смееше, велеше дека добро се чувствуваш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога беше расположен можеше, при поздрав, и рака да скрши.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој ќе сакаше на пример да заминам во војска...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во недела, бевме расположени...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си продолжуваше со глупостите...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Трите тетки со носевите во вис јурнаа нагоре по скалите пред што било да изустам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми стана страшно незгодно што мојата препотеност ѝ ја препишаа на недолжната тетка Марија и не сакајќи да чујам повеќе од разговорот, почнав да си разговарам со братучетка ми Кристина, која секогаш беше расположена за муабет, смеејќи ми се низ млечните запчиња.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас бев расположен, среќен. Пеев.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Или просто беше расположен да зборува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беа најадени, топло им беше, а сепак не беа расположени.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Брат ми рече дека времепловите се интересни само на филм, како што е она патување низ минатото во филмот „Враќање кон иднината” и дека ако мајка ми нема против, не би дошол со нас, оти знае тој како ќе изгледало тоа нејзино „носење во детството”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми не беше расположен за тоа: - Во моментов не сум расположен за времеплов, оди со децата – рече и остана во една кафеана да го чека чичко Ацо Дукац, другар на мајка ми и негов, кој, бидејќи е директор на Градските кина во Скопје, беше службено на фестивалот, ама не работеше толку колку мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)