Но на повеќето од новите жители во геј-гетата заедничко им беше искуството на учество во еден нов, радосен и невиден општествен експеримент: создавањето заедница околу хомосексуалната желба, геј-сексот и геј-идентитетот.443
Тој општествен експеримент излезе кратковечен.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нужна беше психичка деколонизација: геј-мажите требаше да ги распознаат и да ги отфрлат туѓите, несоодветни претстави што околната култура на хетеросексуалноста им ги всадила во умовите.
Многумина геј-мажи ја отфрлаа радикалната идеологија на машкиот геј-живот, да нема збор, а многумина формираа свои подгрупи во рамките на геј-заедниците според своите сексуални вкусови, родови стилови, идентификации со конкретна општествена класа, политички симпатии, морал, вредности, интереси и навики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако дечките што изгледаа како обични дечки, на кои се гледаше старомодна, стандардна мажественост, честопати беа еротски објекти на цена, многумина од новајлиите во геј-гетата постепено доживеаја разубедување од своите старомодни, рустични, паланечки, непросветлени гледишта – од своите „емоционални јанѕи“ и од „неослободените“ ставови – вклучително и од придржувањето кон крутите родови стилови, кон несоодветните романтични мечти, кон рестриктивната сексуална моралност, кон политичката конзервативност, кон божемната чедност и кон други малограѓански вредности.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секој си е одговорен за својот живот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А така процесот на аутирање го усогласуваше со постепеното раскрстување со традиционалните хетеросексуални, конзервативни, главнотековни претстави за правилниот начин на живеење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
ВТОРАТА ЖЕНА: Затоа што сите ние, нејзините деца, бевме психички тормозени од нејзините секојдневни закани за животот, мажите и сексот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тоа им додаваше тежина и авторитет на поеволуираните, на поискусните и на порадикалните припадници на локалната заедница.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)