Тогаш беше изработен всушност таканаречениот „Закон за европските вилаети”, кој, меѓутоа, беше одбиен од султанот, па тоа одбивање после беше прифатено и од самите големи држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таа проповеда презир спрема работничката класа, беспримерен во изминатите векови, а ги облекува своите членови во униформи - комбинезони, кои своевремено беа типични за физичките работници и кои токму затоа и беа прифатени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ова беше ретка, смела, ако не и единствена постапка, која, сепак, беше прифатена од толерантната Сорбона.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во текот на потрагата се уверивме, јас посебно, дека нема опасни зборови, туку нивна злоупотреба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На почетокот реформите беа прифатени со голем ентузијазам, но набргу се појавија низа тешкотии.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски, чија идеја пред една година зачна во неговата глава и беше прифатена од Татко, негов верен балкански брат по судбина, за отстранување на опасните османскотурски заемки во балканските јазици, како да се почувствува повикан да го каже последното слово на крајот на мисијата: Ние, брате мој, само една година трагавме по опасните балкански османизми, поаѓајќи од твојот мајчин албански јазик и мојот мајчин македонски јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А тогаш, како што дрогите влегоа во животот на просечните луѓе, така и тие почнаа да стануваат прифаќани како „сексуални радикали”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
До 67. dragqueens сè уште не беа прифатени во официјалните фрик центри.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сѐ уште се муваа таму кадешто беа и претходно - на работ од големите градови, затворени во евтините хотели и со свое друштво - отпадници со лоши заби и евтини парфеми и ужасна гардероба.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Никогаш немаше излезено на говорница, освен еднаш, кога со акламација беше прифатен неговиот предлог - пауза за ручек.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
И потоа: „... Навистина, ова е првпат ашкенаски рабин да биде прифатен за рабин во Салоника, кој е град со дваесет рабини кои се сите сефардски ’Хахакхмим‘ 13.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Други рабини се обидоа да го добијат ова место, но не беа прифатени поради нивното скромно познавање на хебрејскиот јазик.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во друг дел на градот се наоѓа куќата во која беше прифатена Дитта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Предлогот беше прифатен.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ние, најпосле, бевме прифатени во Козар маало...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Така, колебливо, мрсен Петко бидуваше де овој де оној додека најпосле со кикот не беше прифатен играта, а децата на полјанката под коријата изгледаа како од кошара побегнато улиште што нашло тука слободен простор за луда, невоздржана игра до наситување.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)