бев (гл.) - природен (прид.)

И тоа си беше природно, најприродно што можеше да биде.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Толе, кај одеше, што земаше — секаде плаќаше преку разни бакшиши на децата — награди за извршени услуги и други подароци на посестримки и нивни блиски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Организацијата веќе почна да фаќа корени насекаде, а Мариово во прв ред беше организирано, бидејќи со своите густи гори тоа беше природен заштитник на оние обесправени што сакаа да се борат против тиранијата на султанот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако се обидов да извлечам заклучок или последица од дехуманизацијата на okno.mk | Margina #3 [1994] 35 уметничкото дело, беше природно да дојдам до идејата за реадy-маде.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Илона милуваше Деница да ја нарекува пица и тие два слога, извлечени во рима на тросложното име, кажувани бистро, со мали, едвај чујни, префинети одгласи меѓу одделните гласови (Д-е-н-и-ц-а-п-и-ц-а), во звукот што произведуваше значење, секогаш беа природно синхронизирани со движењето на двете сочни, умерено пополнети усни развлечени во блага насмевка чиј свод беше сјајот на зелените очи, длабоки и проѕирни, очи без дно, складно сместени во ведрината на нејзиното лице.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури и оваа негова мекост беше природна и таа го почувствува уште поблизок.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Измешаните, заплетени корени за него како за оригинален Закинтјанец беа природна состојба и една целина што го гради идентитетот на личноста, па затоа не полагаше многу на нив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така, Лука Карер во тешки времиња на окупацијата се обидуваше да им служи на тие вредности на заедницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше природно да постои со нив природна, судбинска солидарност. Но тоа не беше случај.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чувствував виновен поради мојата немоќ да повлијаам преку малата земја која ја претставував, земјата од која потекнував имаше слична судбина на палестинската, во однос на распарченоста во повеќе земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)