бев (гл.) - претесен (прид.)

Просторијата беше претесна. Го задушуваше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Торакална хирургија беше претесна да ги прими пациентите од рецидивите на западното ѓубре.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Љубев со целото мое битие, срцево и душава беа претесни за таа магија исполнета со емоции, нежности, страсти, топлина, лесно постоење и покрај тежината на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И сега во истото тоа срце и душа е исплетена мрачна, тешка и темна мрежа на болка, акорди од солзи и тага.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Стоеденот“ на Јана беше претесен за сѐ она со што го беше натоварила.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бројката на жените секојдневно се менуваше, во зависност од приливот и одливот (тоа беа термините што се користеа во врска со капацитетот на Центарот кој често беше претесен и се бараше начин да се ослободи, за да има проток кој носеше профит).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во средината на 1970 година, салата на киното Култура беше претесна да ги собере фановите на групата од Сараево.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ширината пред селото Псодери беше претесна за да прими 1500 ранети што до тука по длабокиот снег и под постојан артилериски и минофрлачки оган, пругоре, по стрмните угорнини ги извлекоа од крвавото боиште и од тука, ноќе, камиониτε ги префрлија во болниците во Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Сите влезници се веќе распродадени,“ рече доктор Гете задоволно триејќи си ги рацете една недела пред одржувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сиот град беше поканет на карневалската ноќ во Гнездо, и пространиот парк беше претесен да ги прими сите кои сакаа да дојдат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)