бев (гл.) - пресреќен (прид.)

Славјанка беше пресреќна.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ласа беше пресреќна. Доби внук и уште еден зет.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сега тој сака тоа што ние сакаме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Останатото ви е добро познато.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Секаде”, му велеше, „само не повеќе тука. Оваа средина не е пријателска кон нас”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако не беше пресреќна со местата, таа со радост ги пречека вестите дека маж ѝ е поканет за главен рабин на Александрија, потоа и за професор на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Двајцата беа пресреќни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не беше пресреќна ни со тие понуди, зашто сакаше да се вратат онаму кајшто припаѓаат, во Галиција, во Полска, во Германија или во Австрија, а им се случуваше спротивното: како семејство сѐ подлабоко навлегуваа во Ориентот, кој – си мислеше Гита Корец во бессоните солунски ноќи - него можеби го влечеше поради традициите што му се допаѓаа на салонскиот ционист во него, но и на сѐ повидливиот, автократски дел од неговата личност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа вечер на вратата стоеа магнетските кучкини сестри, така што не бев пресреќен што ќе треба да поминам крај нив ако работата не испадне како што треба.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Рози, се разбира, беше пресреќна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Логотетот не им придаде значење на дребулиите по кои се разликуваа двата записа; беше пресреќен што се потврди дека записот е решен, оти двајца го беа прочитале исто, и оти проклетството засекогаш беше тргнато на страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но нешто мораше да се работи и беше пресреќен што син му има каква – таква работа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ќе оздрави, ќе оздрави! - бев пресреќен, проклет да бидам, изулавев од среќа, викнав: - Ќе оздрави!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Томето беше пресреќна, полна со радост, полет, сила.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не најдов оружје, а злато имаа многу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Му пријдов на еден другар и го замолив да се смениме со храната.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во пазувите кај постарите жени, наоѓав заврзани крпчиња, но јас само ќе ги допрев да видам да не е муниција, а тие беа пресреќни што не им ги зедов.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој беше пресреќен, а јас слатко се најадов.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој беше пресреќен што таа така ѝ го претстави на другарката.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Марија беше пресреќна што му ја исполнуваше желбата на лекарот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Анѓа беше пресреќна. Co Стојана ги задоволи и двете свои љубовни чувства.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја беше добила премијата. Беше пресреќна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гури Порадеци беше пресреќен, на кормилото, што ја минавме границата и, според предвидувањата, навреме и безбедно стигнувавме со чунот кон нашата поинаква иднина, станувајќи, за толку кусо време, емигранти на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дечињата беа пресреќни. Нивната радост се излеваше преку гласната смеа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Благица беше пресреќна дека врапчето се навикна со нив, како тука да е израснато.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Што ќе ни готвиш? - Јагнешко, - како од топ испукав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се исплаши дека можеби си отишла засекогаш, па беше пресреќен кога се врати.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија се вчудовиде. Ѝ рече дека е импресионист.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога го ставив крвавото и засолено месо во тавата и потоа во рерната бев пресреќна што сето тоа заврши.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Чавка беше пресреќен кога му соопштив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Првото утро кога ја поминував охридската чаршија бев пресреќна.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)