Трупот на мојата верба беше преполн со стршлени, кои се котеа тука, како избезумени.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Добар ден, Гоце! И добро ни дојде! - одговорија сите.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Дворот беше преполн со ученици.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Одајата внатре беше преполна со луѓе.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Беше недела која ја посетив црквата. Беше преполна со луѓе, кои дошле во црквата колку заради службата, двојно повеќе за да го чујат хорот а неговиот концерт претставува вистинско уживање, па и спектакл...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За да се одмориме од патот влеговме со мојот пријател во познатиот париски ресторан и кафеана „Кај двајцата Магота“ која е стара стотина години а која беше преполна со гости.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Салата беше преполна иако влезниците беа прилично скапи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Беше преполна со луѓе а имаше и такви, на кои им се отстапуваа книги за користење во специјалните читални.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таа вечер салата беше преполна со луѓе кои по ништо не одаваа дека дошле овде да уживаат, на своевиден начин, во она што пред нив ќе се прикаже на театарската сцена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Обата брода, сите нивни внатрешни простории, беа преполни со елементи на мебел, но дрвото, како материјал, отсуствуваше потиснато од полиуретанот, кој овде беше демонстриран со сите свои функционалности.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ЖЕНА паркот во тој период беше преполн со МАЖИ осиромашени стечајци кои играа шах.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Типот возеше џип и беше преполн со пари, но имаше непроценливо ситна душа.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
IV Татковиот живот низ меандрите на балканскиот егзил и понатаму беше преполн со парадокси.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Подот беше преполн со распарталени книги, медицински списанија, прашливи и незавиткани кутичиња од примероци на лекови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
По агресивните прескокнувања преку прагот, влегуваа во работилницата, и Милан се разлутуваше поради тоа зашто не сакаше тие да му ја гнасат работилницата, која беше преполна со секаков вид столарски алати и остатоци од дрва, алуминиумски ленти, конзерви со боја, четки за бојадисување, завртки и шрафови, што по големина беа класирани во стаклени тегли.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Горниот дел на масичката, што секогаш беше преполн со нејзини работи, сега беше празен.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Друмот беше преполн со луѓе и од силните викања не можевме ништо да разбереме, ама добро знаевме што се криеше зад викотниците, молењата и плачот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таа ноќ паркот во Гнездо беше преполн.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Камионот беше преполн со преплашени луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Толпата, правејќи круг, се беше насобрала околу централниот дел, и се туркаше да ги види луѓето со костими од перја, луѓето со капи во форма на клунови и големи рибји опашки, луѓето со облека натопена во боја црвена како крв, луѓето со ангелски и пеперуткини и птичји криља, луѓето скриени во огромни јајца на кои имаше отвори за нивните очи, луѓето под долги сини чаршави кои беа река, луѓето со труби кои ја најавуваа апокалипсата, луѓето кои се прпелкаа по црвениот чаршав и гореа во вечниот оган, луѓето кои лежеа на синиот чаршав и уживаа во небесниот спокој, и еден човек со крст на грбот, кој гледаше нагоре кон мракот и извикуваше: „Господи, Господи, зошто ме остави?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Авионот беше преполн, а неговото седиште беше последно и до прозорецот (ете ти..).
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Стегната во фармерки и кратка тексас јакна беше преполна со живот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Автобусот од Скопје за Куманово во тоа време од денот беше преполн.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше недела пред Прочка. Трпезата пред велигденскиот пост беше преполна со јадења.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Акумулаторот се испразни и автомобилот не сакаше да запали, на враќање дома домофонот не сакаше да заѕвони, клучот не отклучуваше, па, барајќи преноќиште, дознав дека хотелите беа преполни и сите хотелски соби беа издадени.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И навистина, на вратот му висеше бакарно крвче, блештукајќи на сонцето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Зад оградата, во нивата што беше преполна со пурпурни цветови, еден јужносвештенички фустан, под шапка со широка периферија, со брзи движења отстрануваше црви од лисјата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Дема-Ел- Фна беше преполн со жонглери, танчери, раскажувачи, дечиња кои вртеа стомнени коли со нозете, просјаци без нозе под анимирани холограми кои рекламираа француски софтвер.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Оној час кога заспа - чашата беше преполна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Собата беше преполна со букети цвеќе.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Беше близу дваесет часот и продавниците за алкохол во кои одеа проловите ( ги нарекуваа „ пабови“ ) беа преполни со муштерии.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Иако „собата за проекции“ беше преполна со каучи и стереа и телевизори, сите чувствуваа дека внатре се случува нешто што има врска со бизнисот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Мајка влезе во нашата училница кога таа беше преполна, со родители и со ученици.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во Каиро падна во несвест заради заврзаните црева, испуканите чиреви во стомакот и запалувањето на стомачната марамица, а бидејќи болницата беше преполна, внесоа кревет во заедничкиот клозет, за еден грчки хирург да ја усере целата работа и му го зашие своето заборавено шише виски; па тогаш на реденка го исфукаа арапските болничари, а една сестра украла пеницилин, па затоа му даде инекција карбол; потоа доби трипер во газот, па еден замислен англиски доктор го клистираше со врела сулфурна киселина, а некој германски практичар на Технолошка Медицина му го извадил слепото црево со рѓосан отворач за конзерви и ножици за лим (за него теоријата за бактериите беше „чиста бесмислица“). okno.mk | Margina #11-12 [1994] 23
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
” Цицам ужас од лузната прободена со игла, подводниот врисок на тапите нерви им праќа предупредување дека доаѓа времето на копнежот, печат угризите на беснилото...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога ја истрошив целата ролна тоалетна хартија, се сетив како мајка ми постојано ме плашеше дека ќе сум ја затнел шолјата, но тоа беше само едно блиц сеќавање кое се разви единствено кога се обидов да пуштам вода и да се збогувам со мојата неколкудневна тежина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во таа подземна просторија одеднаш пред мене се отвори огромна, темна и стара кујна, каде што очигледно се подготвуваа сите поголеми зафати, бидејќи беше преполна со големи тенџериња, со прашоци за миење садови и разновидни сунѓерчиња, а до мијалникот стоеше и еден голем старински фрижидер.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Бетонската патека беше преполна со деца и со возрасни, па и на сите прозори и балкони свртени кон змијарникот излегоа многу љубопитни.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ваш Клод Диран.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
За жал кога ми стиgна поканата за презентација во Скопје (во Францускиот културен центар во Скопје, во присуство на преведувачот Патрик Крисман, кој од Тирана пристиgна со обезбедување, з.м.) на вашите книги, мојата агенда веќе беше преполна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Беше 10 октомври, веројатно поради утрешниот празник, возот беше преполн.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тоа лето Охрид беше преполн со Срби кои пеколно лажеа дека се сите добри богати фраери од центарот на Белград што, претпоставувам, во поголем дел не беше вистина, но девојките беа испраксирани да глумат дека веруваат во секој нивни збор, сѐ во служба на добар летен незаборавен провод.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Лете, преку ден никој не игра тенис на тој пекол, само рано наутро и доцна попладне.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И тргнавме. Тениските игралишта беа преполни.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)