Но во тој момент, самиот тој беше преокупиран со друго.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Никогаш не бев преокупиран со надминувањето на метафизиката или со смртта на филозофијата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И додека Милан седеш таму и размислуваше за ова или за она, гледајќи овде-онде, зборувајќи со Тито и прекорувајќи ги кокошките, срцето му беше стегнато, а мислата му беше преокупирана со чудното однесување на Даниел, што се случи рано попладне.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Како да беше преокупиран само со мислата - како да се спаси, колку побрзо да си одат дома.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тоа беа одличја на духовник, на високовештеник и на пастир.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Наскоро почнаа мобилизациите и една вечер и Јехуда Давидовиќ доби известие со наредба да се јави на мобилизациското место.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од друга страна, владиката беше преокупиран и со сопственото справување со окупаторските власти.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сите ние бевме преокупирани со тој немир што го носеше навестената војна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Пелагија не беше преокупирана со нереален сон дека некогаш и таа може да има таков стан, знаеше дека во нив ќе дојдат бегалци кои навреме се откажале дека се од онаа Македонија што е зад Кајмакчалан па таа заедно со нејзината Пеличка и Мурџо ќе мораат да го напуштат подрумчето оти и тоа припаѓа на некој од овие станови што се завршуваат и со нејзината мака.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Боге беше преокупиран со колата, на угорниците почна да му трокира.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но во последно време, најмногу беше преокупиран да создаде жива материја по вештачки пат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)