Често беа правени филмови кои беа бизарни, необични и се однесуваа на некои бесмислени нешта во општеството.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Како да беа правени од иста тајфа мајстори.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На вратата на салонот, која веројатно не беше правена по димензиите на домаќините, се појави стасит силен маж.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Колачот како да беше правен од гипс.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Некогаш дијалозите беа правени еден ден пред снимањето на сцените.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Питите на Бланш беа правени тука и секогаш беа ровки, тазе и вкусни.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Разнообразноста на фасадите, креативноста со којашто беа правени му причинуваше естетско доживување и му го будеше сеќавањето на Битола, пред да почне да биде нагрдувана, во времето кога дојде тука да заврши гимназиско образование.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И за неговите патувања, повремено и оддалеку, ми беа правени слични алузии...
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Воопшто сѐ што беше правено во боја беше сино. Сината боја доминираше на ѕидот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Младите беа мобилизирани и носени на фронт, беа правени списоци според кои жителите од нашиот кварт беа товарени во возови, и засекогаш одведувани од Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Велеа дека ги носат на присилна работа, ама ние знаевме дека ги носат во логори на смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)