Беше како пристаниште со две железнички шини во средината, една потенка, а другата подебела и еден неупотребуван пар шини покриени со ’рѓа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Мостот беше направен од железнички спојници и меѓу нив имаше дупки во кои може да ти се фати стапалото, а и нешто малечко може да пропадне низ нив.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ноздрите му беа пошироки отколку што мислев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Другиов Онисифор клечеше над мене, потоа стана и го сокри белегот на лицето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И мостот беше поширок од што таа го замислуваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Просторот на земјата, што ја бранеа, не беше поширок од десетина километри, државата беше капитулирана, додека тие ја освојуваа Албанија, сѐ дури некој не им јави дека Германците се наоѓаат веќе во нивните касарни во гратчето, каде што беше нивниот гарнизон.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)