бев (гл.) - посилен (прид.)

Ништо не рече. Тишината беше посилна од секаков одговор.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А во јужната република, инерцијата беше посилна од сѐ.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но радоста на децата беше посилна од сѐ.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само тој Русинецот, од едно наше село, ме разбираш, беше посилен. Планина човек!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мијале се обиде да се ослободи но ние однадвор бевме посилни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пенчо беше посилен и не ќе ми ја вратеше птицата чија крв му ги проби танките панталои на џебот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа беше посилно од мене и не знаев дека може да биде толку опасно! – се бранеше Еразмо, додека цревата му кркореа од глад.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тргнав кон плоштадот, и во една од уличките ме пресретна толпа луѓе – такви толпи често ѕиркав низ прозорецот на нашиот стан во Виена во годините кои следеа, но оваа толпа не беше составена од униформирани луѓе, туку од маскирани: беше време на венецискиот карневал, и секакви суштества протрчуваа сега крај мене – принцези и питачи, владетели и робови, луѓе-риби и луѓе-птици.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Последното утро во Венеција, откако Ана и Зигмунд тргнаа по градот, мојата желба уште еднаш да ги видам двете слики со Богородица и Исус беше посилна од моето накривнување, и јас излегов од хотелот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој беше посилен од него, можеше да оди во триста ѓаволски мајки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ми се стемни пред очи. Дури, иако бев посилен од некои деца, заборавив дека во ненормалните раце на Цанета ќе сум само играчка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаеја сѐ за него, беа посилни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И сам, без многуте како мене, бев посилен дури и од нивните топови. И пак се смеев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ми се загледа в очи и со крик што не беше посилен од криците на пауните се потпре со грб на полусува црвенолисна бреза, стана стебло, побрза да пушти жили во земјата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знаеја се за него, беа посилни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ми се загледа в очи и со крик што не беше посилен од криците на пауните се потпре со грбот на полусува црвенолисна бреза, стана стебло, побрза да пушти жили во земјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И не сам, без многуте како мене, бев посилен дури и од нивните топови.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ровот почна да се полни, црпевме со шлемови и фрлавме, но водата беше посилна: ни растеше нагоре и се закануваше да нè удави...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Овојпат милината беше посилна од кога било.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Куќата со книги ни беше посилна. Како тврдина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со години во себе ја потиснував прикаската за годините минати крај Јасер Арафат во Тунис, не сакајќи да се препуштам на професионалната дипломатска индискреција за сметка на писателската вокација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Страниците на поетот на романтизмот Алфред Де Вињи беа посилни од сите уверувања за непобедливоста на нашата армија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Животот беше посилен од пишувањето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја минавме границата. Бевме посилни од подводниот змеј! Го победивме.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше посилно од мене.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таа можеби беше посилна од самата историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така, границата меѓу двете земји уште еднаш беше посилна од животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Влезе во келијата како и другпат да ѝ држи епитимија на Смилјанка; таа лежеше гола на постелата; кога ѝ пријде и кога го зеде веленцето да ја покрие, таа се покрена, го фати за рацете за вратот и го повлече кон себе; тој почна да се трга, да се опира, да се исправа, но нејзиното тргање беше посилно и тој клекна на колена крај неа, а потоа се наведна над неа допирајќи ѝ ги градите со брадата; таа од влакната почувствува скокот и возбудливи трпки по кожата и уште посилно го привлече влечејќи му ја главата кон своето лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сакаше и сега да зборува, тоа беше посилно од него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
” и викав, ама таа не слушаше зашто, викотниците, плачот и пукањето беа посилни.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ме следат непознати чекори кои стравот во мојава душа го претвораат во болка.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мртвило гние во осаменава душа, жедна за одмазда, зошто предавството беше посилно од љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Составот на водата и огнот од кои тој беше создаден беа посилни од силата на бурите и громовите!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Тишината, гробната тишина, беше посилна од сѐ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се поклонив пред неговиот гроб.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Меѓутоа, желбата да слyшне добра новина за своите деца беше посилна од црвецот на сомнежот што загриза во неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Намерата на тетка веднаш да се врати во Албанија беше посилна од татковото разуверување барем малку да почека.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зар очајот беше посилен од сето нејзино образование?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)