Колку еден варварски, т.е. негрчки народ беше пострашен за нивната држава, толку повеќе омразата кон него беше поголема и толку неговото име добиваше подолно, попрезриво значење.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Лакомите банкари немилосрдно ги триеа рацете од каматите, кои беа поголеми и од оние на скотските лихвари, а извршителите неуморно и рекетарски тропаа на портите на секој Македонец.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Беше поголемо од ќелиите во кои беше порано.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Станот на Парсонсови беше поголем од Винстоновиот и беше запуштен на еден поинаков начин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како ќе го пренесеше товарот кога тој беше поголем и потежок од него.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во средината на седумдесеттите години од минатиот век, киното во моето мало место беше поголемиот односно најголемиот прозорец свртен кон светот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Десните колкови видливо им беа поголеми.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога ја оставив Кате неколку години беше поголема од Ана, а сега — ќерка има колку неа. А јас неженет!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Додека беше малав, доста беше палав; бесот и лутината ги истураше на сестри му, кои, иако беа поголеми од него, се плашеа и му подбегнуваа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ниту една финта не беше поголем комплимент за случајниот мувач отколку да му кажеш: „Слушај, кога те видов вечерва како влегуваш во баров, си реков ’Грешка е, гарант. Овој да не не знае дека местово е геј-бар? Нема шанса да е геј. Намерно е тука? Не ми се верува дека не е стрејт’“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Десните колкови видливо им беа поголеми.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Команданти ни беа поголеми мрсулци од нас кои бевме стари од три до четиринаесет години.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тие, кои тука останаа, велат и повторуваат: нашите да не бегаа преку граница, сигурно нивните куќи ќе беа поголеми и поуваби.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ќарот беше поголем од пензијата што ја имав и деновите поминати со дамите, сопственички на разгалените четвороножни пријатели ми беа исполнети со задоволства и радости поради што останав стар беќар...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Колку погоре во хиерархијата на власта, и стравот беше поголем.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
А тоа мислам најдобро го изрази дед Павел кога му рече на татко ти: Семјон, вели, би сакал син ти да беше поголем од Аксја.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Лакот на неговиот европски егзил беше поголем од татковиот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Рожбите ја зајакнуваа. Нејзиното кревко тело, од рожба во рожба, стануваше сѐ појако, но и грижите беа поголеми.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)