бев (гл.) - погоден (прид.)

Панталоните од џинс биле идеални бидејќи тешко се кинеле, лете во нив не било претопло, зиме не било престудено, имале долгогодишен рок на употреба, а покрај сето тоа изгледале добро кога по многу перења ќе го добиеле својот славен испрано-блед имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Демографската експлозија во средината на 19-от век беше погодна за претворање на малите семејни мануфактури во големи индустриски гиганти.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Грубата ткаенина добила име blue jeans, а кај нас е позната и како тексас. 108 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А тие, будали велам, надвор од ровот клекнаа за голема потреба и за несреќа, едниот беше погоден срамно...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да, кога условите беа погодни, завршивме така. Не можевме да си одолееме.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Можеби денот не беше погоден за сообраќај на емоции.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој предложи да се сокриеме некаде и да ги следиме (сега разбирам дека и тој беше погоден колку и јас и дека сакаше уште таа вечер да расчисти со Луција: колку смешно – што да расчисти, кога ниту јас ниту тој немавме ништо со неа?); така ќе сме виделе која е девојката со Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја очекува слободата од интервенцијата на Европа, сфаќаа, значи, дека револуционерна Македонија нема сили да се расправи сама со Турската империја, и сепак веруваа дека европската интервенција ќе се предизвика полесно и побрзо преку терор против истите Европејци, преку една борба која по својата природа буди кај Европеецот одвратност и која, третирана како ’анархистичка’ беше погодна за најпакосна за македонските борци експлоатација од страна на непријателите“212.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
ПАНДЕ: Не туку... кај ќираџијата... Ха! Кај Глигора Мостров, што бевме погодени да го носи до местото каде што е компанијата.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Прво работев на патишта за железница, додека ми траеше времето што бев погоден со компанијата што ме однесе, а после си работев на фабрика.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Крсте Мангов беше погоден в чело.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Паднав на подот, како да бев погоден - воопшто не знаев дали сум погоден или не - и се обидов да се провлечам под масата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Целото лето и есента што шета Силјан со дуовникот и на ден Митровден си дошле во Прилеп и извадил дуовникот пари да му плати на Силјана ругата, колку што беше погоден.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тоа, оти го погоди, и тоа, што беше сигурен дека оној беше погоден, сега беше сосема сеедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Арно, ама Силјан парите не му 'и земал, чунким сакал и тој да ојт со него на Божигроб.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Целото лето и есента што шета Силјан со дуовнико, и на ден Митровден си дошле во Прилеп, и изваил дуовнико пари да му плати на Силјана ругата колку што беше погоден.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)