бев (гл.) - поврзан (прид.)

Со радиоврска беа поврзани со републичкото раководство сместено на падините на другиот поголем рид.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така беше и последниот пат кога излегувавме од долгиот ходник со кој беше поврзана кујната со дворот, кога откај портата слушнавме јасно мекање што влегува во нашата куќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сакаше веднаш, по вечерата, да почне да ги распоредува книгите, да ги реди на рафтовите на својата соба-библиотека која беше поврзана со чардакот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во мене се будеше поривот да се трага по Татковиот живот и низ цариградското време, особено по она што беше поврзано со средбата и со разделбата на Татко со Фетхи-беј Окијар.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вреди ли уште да пребарувам по тоа што сум го пишувал или да останам рамнодушен на провокациите, кои бездруго беа поврзани како во верижно коло со други, трети прашања, кои неизоставно ќе ми бидат поставени во текот на патувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Одамна се мртви тие денови на младоста, но мене и понатаму срцето ме влече кон Пребег последното прибежиште на старите спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За среќа нивното уништување не беше поврзано со доаѓањето на нашата власт.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку ќе почнев власта и вистински да ја мразам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Водениците ги прегази времето и „Бабамов, Грличката, Аврамико и комп.“ кога ја изградија Мелницата и луштилницана за ориз, и тоа среде полето, кај Пребачево.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се молчеше насекаде за сѐ што беше поврзано со тој тукушто пронајден збор “сексуалност” – се молчеше во училиштата, црквите и синагогите, се молчеше дома, во салоните и на плоштадите, молчеа весниците и книгите; а како покривање на тој збор служеа и алиштата кои криеја сѐ од прстите на нозете до вратот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Трите кругови копно на млаките беа поврзани со црни врвици, тоа беше дирата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Генерално гледано кецељата беше поврзана со тогашната доминантна идеологија.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Поготово тоа не можеше да се однесува на неговиот нов пријател Раде со кој пајташки беа поврзани со чашката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сонував кошмари. Се плашев од сè што беше поврзано со смртта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Како сето тоа се случило кога Франција која стотина години беше поврзана со Тунис одлучуваше за судбината на оваа земја, немаше решение пред Југославија за признавањето на оваа земја!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секоја од овие книги си имаше посебна судбина која не беше поврзана со друга.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јаничарската војска, со традиција од речиси пет века, не беше поврзана само со бекташиското верување туку стануваше и внатрешна сила, која беше немоќна да ја брани Империјата, за која, впрочем, и беше основана.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа посебно се очекуваше од луѓето како Бојана, кои на некој начин беа поврзани со високите структури на власта.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Освен тоа, сеќавањето не му беше поврзано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа донесе неколку измени кои беа поврзани со остварувањето на права од работен однос.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На настаните што беа поврзани со доаѓањето на Марија и Хелвиг во домот на неговите родители, Марија во болницата воопшто не сакаше да се навраќа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа најмногу беше поврзано со судбината на границата која нѐ разделуваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Запрев замислено пред манастирскиот бунар, длабок стотина метри, чие дно беше поврзано со Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се воздржуваше... колку и да беше силна Партијата и власта, си беа поврзани, роднински, пријателски, кумовски, сватовски и со други односи. Не отстапуваа лесно од овие врски. Јагулче добро го знаеше сето тоа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На линијата на фронтот дење остануваа само стражари и извидници кои меѓусебно беа поврзани со систем на јажиња чие повелкување в лево и в десно одеше од војник на војник до последното каже кое го затресуваше ѕвонецот во штабната земуница до каде што доаѓаше телефонската врска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеби и овие мои виденија, што беа поврзани со неочекуваните заминувања на татко ти, беа токму таквите невистинити слики, што животот ни ги праќа за да нè збунат и уплашат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нејси, лудоста во главата на мажот не ја остава на мира ни свеста на жената.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сто расни сански кози се одгледуваа во специјално бачило кое беше поврзано со специјални машини за прибирање, третирање на млекото, до конечно производство на козјо сирење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)