Имаше дури и работа, една синекура што беше платена многу подобро отколку неговата поранешна работа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не беше во прашање само цената на илјадниците животи, со која беше платена електричната енергија, туку и прашањето на нејзината, во голем дел неостварена намена.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но, во лошите – по осамостојувањето и промените во сферата економијата, атмосферата значително се влоши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како резултат на лошиот раководен процес и лошото планирање, често и речиси редовно се случуваше да се остане и по неколку часа повеќе од полното работното време, а за ова прекувремено работење работниците воопшто не беа платени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во училиштето и на факултетот наставниците не беа платени за таква работа затоа, освен учителот по ликовно воспитување што сакаше да ме насочи после осмо одделение да кинисам да го изучувам сликарскиот занает, другите се однесуваа како туѓинци во Казабланка.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)