бев (гл.) - оставен (прид.)

Не беше оставен ниту еден сиџил, дури ни отворениот на кој работеше последниот ден во Архивот, пред да се разболи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, колку и да се бореше во животот тивко и ненаметливо да ги ублажува наследените и неизбежни разлики, наложени од исчезнатите империи на Балканот, останати како жила­во наследство, со уште пожилава инерција во времето, овде беше оставен засекогаш во просторот каде што разликите беа дефинитивни, засекогаш обележани.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бунарот беше оставен да се полни. На петнаесетти септември, летото сѐ уште стегнато, пекол, како што се вели, отидов да наѕрам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Им беше оставен аманет, да прекопаат сè ако треба, кога се разболе таа, прекрасната бела невеста со влажни очи, што не научија никогаш да заспијат, со задача да бдеат деноноќно и да ги собираат под себе, на топло, малите ладни рачиња нивни и големите топли нозе негови, за да не му потскокнуваат од немир и од страв.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Чунот ми беше оставен, долу, на езерото, не многу далеку под куќата на Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беше оставен, еднаш за секогаш, сиот оној далечен јазел на безизлезноста; беа изболедувани во сета нивна полнота сите болки, беа преживеани до последната граница на врзувањето сите беспаќа, а сега беше останато само таа отпуштеност, која што можела да му биде и крајот, но која за него ќе мораше да биде нешто друго, со сево ова лелекање и одминување меѓу голите зимни дрвја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бургиба беше оставен во залезните години на животот во родниот Монастир, во својата летна резиденција, недалеку од величествениот мавзолеј, во кого веќе почиваа родителите, неговата прва сопруга Матилда од француско потекло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бездруго Бургиба се замислуваше во улогата на волкот, сведочејќи за трагизмот на животот, но и во улогата на волчицата која, според некои интерпретации, се претставуваше заштитничката на Рим...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка, стапната на брегот, му рече: – Ако го бараш твојот ракопис кој ти беше оставен на масичката пред прагот, јас го зедов со себе! Не грижи се, го чувам добро.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Трошоците околу судскиот спор т.е. висината на судските такси не влијаеја одвраќачки при помислата дали тој да тужи, затоа што тогаш најде средства за да ги покрие овие издатоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тужениот работодавач, иако ја прими тужбата, воопшто не прати одговор на истата во рокот кој му беше оставен и со ништо не го оспори побарувањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Народот што беше оставен од Земјаните да умре од страшна болест, од еден вид лепра што не се лекува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)