Кустосот на галеријата којашто ја беше поставила изложбата беше ослободен откако заклучиле дека споменатата фотографија сепак е уметничко дело бидејќи „може да се препознае класична форма“. 30 okno.mk Не е случајно што Ани Спринкл и Вероника Вера, главните претставнички на „пост-порн модернизмот“ стигнаа во „performance art“ директно од проституцијата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Субверзивноста и комплексноста на таков еден гест најдобро се покажа на изложбата на секогаш контро верзниот Mappelthorp при што фотографијата „Марти и Вероника“ којашто користи порнографска иконографија (Вероника Вера во типична порно-поза) стигна во средиштето на еден судски процес.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Новото поглавје требаше да се однесува на митот на балканското самоуништување, познат и како синдром на ликвидации од кој не беше ослободен ниту еден од балканските народи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Толе го отепал Аќифа во одбрана на својот живот и затоа беше ослободен од секаква осуда и пуштен на слобода.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Беше спокоен што беше ослободен од постојаното имагинарно обвинение што тлееше во него и постојано се зголемуваше во неговите мисли.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тоа што бев ослободена од многу од моите поранешни обврски и што отпрвин ми беше многу тешко, постепено почнав да го чувствувам како пријатна околност.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Најпосле, повторно бев ослободен во затворот на сопствената беда без обврски кон било кого за било што.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И само штом тој се наведна да ја пали печката, малиот пак беше ослободен и полека, со оној свој срнечки чекор, се добра до неговите раце.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Веднаш потоа, по заповед на командантот на војската, Тоде беше ослободен, а утрото, дали од срам поради тоа што им се случи или од страв заедно со жената и со чупалето (Илинденка се викаше и таа беше мома, онаа што ја закопаа истиот час кога повторно се вратија во Потковицата) само со еден голем куфер, што го носеше Тоде на рамо, си заминаа од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Веќе не мирисаше на гнил зеленчук - воздухот беше ослободен од отров.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Веќе не мирисаше на гнил зеленчук - воздухот беше ослободен од отров .
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Како откорнатик во туѓата земја беше ослободен од илузиите на младоста во родната земја или од цариградските.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Поради Русите се најде на Голи Оток, поради Русите беше ослободен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Макар што имаше само неколку месеци како што беше ослободен од заложништвото на островот Малта, тогаш четириесетгодишниот Али Фети изгледаше свежо и енергично, со висока става, широко лице и не толку изразити мустаќи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако ги признаа сите тие работи, беа ослободени, повторно поставени во Партијата и им беа дадени функции кои всушност беа празни, но звучеа важно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тонот на нејзиното кажување беше ослободен од било каква нијанса на емоција.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Укината беше долната граница на неговата висина (чл. 19, ЗИДЗПИО/07), а во врска со неговата висина во случај на повреда надвор од работа или болест беше пропишано тоа да биде висината на инвалидска пензија настаната поради професионална неспособност за работа наместо претходната одредба според која таа треба да изнесува 50% од основата за пресметување (чл. 17). 98 Што се однесува до обврските на Фондот за пензиско и инвалид- ско осигурување во поглед на исплатата на надоместоците на плата за лицата со преостаната работна состојба, во 1995 година Фондот беше ослободен од обврската да обезбедува средства за исплата на надоместоци на платата поради работа со скратено работно време и поради помала плата на друго работно место, која е префрлена на товар на работодавците.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Само крајезерските куќи, оние што беа цапнати во езерото, беа ослободени од ова снежно заточение.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Рибарите шетаа со чуновите по езерото и не можеа да се изначудат и да им поверуваат на своите очи дека селото го нема.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Конечно, 1987, беше ослободен и можеше да им се придружи на своите обожувани миленици (два јазавичара) Арчи и Амос во рајот. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 155 Мајкл Брејсвел Книгите на Енди Литературното дело на Ворхол е оригинално, но најмногу бидејќи е напишано од некој друг.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Неговото прво литературно дело што излезе во јавноста беше новелата “а” (1968), колаж на аудио транскрипции.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
После тоа беше пратен во чистилиштето и беше присилен (или присилил некој друг) да води белешки за Халстон и Виктор Хуго и Лиза Минели и Бјанка Џегер и Калвин Клајн и Полет Годар.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
158 На 5 октомври 1944 година во Крајова (Романија) претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито, ја прими делегацијата на Бугарската отечественофронтовска влада на чело со Добри Терпешев.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
157 Оваа информација не одговара на вистнската ситуација, бидејќи по капитулацијата на фашистичка Бугарија беше ослободен поголемиот дел од Македонија што беше под бугарска окупација, но со исклучок на градовите Скопје, Битола, Велес, Куманово, Штип, Охрид и градовите во Западна Македонија. Битола беше ослободена на 4 ноември 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Откако беше ослободен во 1975 год., интензивно работи во полето на компјутерски дизајн.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Работел со Epix, Еlektronic Arts, Аctivision и Аuto-Desk и настапувал на Аrs Еlectronica во Австрија и Ciberthon во Сан Франциско, во 1990 година, потоа на Worldcon во Чикаго 1991, и Dragon Con во 1992.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)