Ратко немаше машки деца освен две ќерки кои веќе беа омажени за момчиња со добра работа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сестра ми Ѓура, која беше доведена од помајка ми, беше омажена.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ми го подариле две сестри, пријателки на мајка ми, инаку наставнички по математика, чија трета сестра (исто така наставничка по математика) беше омажена за еден градежник.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Не знаејќи што да прави,а мислејќи си дека е срамота да оди толку рано кај делениците Акиноски и да го извикува Максима само за да му каже што го снајде, со чувство на спопашкан пес отрча на дуќан кај Зојчевци: најмалата Максимова сестра Зоица, беше омажена кај Костадиновци па жителите на Потковицата сите Костадиновци по Зоица ги прекаруваа Зојчевци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таа, како што после се расчу, заедно со овој Војнета наш, му го здипли целото злато што го имал спечалено во Америка некој Петре, таму во селото каде што таа беше омажена.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ќерка ѝ Сандра, пак, беше омажена за тетина Јолета, овде во Долнени.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)