Беше тоа наредникот Десимир Пенезиќ, наочит и единствен тој од сите други војници неупреклив со жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете тогаш, кога Потковицата беше завојувана од Србите, кога од страна на Началството постоеше заповед никој да не се добира до војниците, да не им прави услуги и да не прима услуги од нив, кога отворено се зборуваше дека божемните сојузници се полоши и од Туците и дека се токмат тие да ги заменат нив ( во Потковицата сеедно и сеедно пристигаа гласови од сите краишта на Македонија дека новите завојувачи ги прогонуваат и ги убиваат нашите учители и свештеници,дека ги ограбуваат и ги палат нашите села и светилишта) кога се изјаловија нивните надежи дека Македонија, по победата на Сојузниците над Турците, ќе добие своја автономија и ќе стане држава каква што станаа тие, Србија, Бугарија и Грција, кога сите беа обземени од очај дека ќе останат без татковина, при крајот на Првното србско, во летото 1915-та, се случи една од чупите Јанчески, Благуна Василичина, да се измами по еден од војниците сместени во поранешното училиште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Проловите, обично незаинтересирани за војната, беа обземени од еден од оние нивни периодични напади на патриотизам.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И обајцата беа обземени од возбудата дека во нивните библиотеки се кријат книги за кои тие никогаш не знаеле дека можеле да постојат на Балканот, а им биле насушно неопходни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Татко и Камилски, секој на свој начин, и според свои мотиви, беа обземени од мистериите на османското време, задржани и скриени, присутни во мирисот и здивот на вековите заборавени во џамиите и вакафите (битолските кадиски записи), во шепотот на водата на шадрваните, во ехото на исчезнатото време во ановите, во звуците на чаршијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Долго време двајцата пријатели беа обземени од размислата и асоцијациите кои ги предизвикуваше кабалата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Минувајќи низ Камениот мост од западниот кон источниот дел на градот, во потрага по турските заемки задржани уште во живот, Татко и Камилски се движеа со бавен ритам, за разлика од луѓето со забрзани чекори од обете страни на мостот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Претпоставуваше дека на Балканот му се неопходни таквите прометеи на духот, кои речиси сите беа обземени од јазичната мистерија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Додека сезнајниот атеистолог А.А. се подготвуваше во вообичаен вовед да ни го претстави православниот павилјон и со тоа судбината на оваа вера во текот на сталинистичкиот комунизам во Албанија, јас бев обземен од мислата за тоа кому му пречеше троверјето во земјата и надвор од неа?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И покрај тоа, беше обземена од носталгија за светот што постоеше надвор од тие ѕидови од тули и за пријатниот англиски јазик што го зборуваа нејзините луѓе, како на пример, братучед ѝ Боб, да го слушне како зборува, и тогаш таа стана и рече, ”Ќе одам на прошетка”.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И затоа сега беше обземен од помислата дека нешто основно, нешто цврсто и пристојно беше нарушено; од дејството на нешто друго, чистото во него беше изгнасено; неговата духовна и морална доблест, всушност срцевината на неговото битие, беа нападнати и ограбени.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Мајка му беше обземена од мрачните тријумфи на злато.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Овие дела претставени од издавачот како романи, не се тоа на прв поглед, а тоа што тие го раскажуваат, оваа победа што човечкиот дух е способен да ја освојува секој ден над фатализмот, покорувањето, или уште попросто речено глупоста, ве збогатува со иста восхит како од едно уметничко дело (од областа на музиката, на сликарството, вајарството, архитектурата, танцот...) бидејќи едно уметничко дело не е само победа над темнината и тежината на материјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Текстовите ги прочитав со голема љуборитност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но читајќи ги овие три книги, јас бев обземена од восхит за описите на Луан Старова на неговите родители, на нивниот карактер, на нивното држење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Претпоставував дека таа најмногу беше обземена од ликот на таткото во сагата, што впрочем подоцна и ми го потврдуваше во своите писма, но без притоа подлабоко да ми ги образложи причините за тоа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Сите беа обземени од судбината на Чанга. Тој беше нивна судбина.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Напладне, кога ние децата бевме обземени од игрите во дворот, мајка ми ќе ги собереше последните сили, па од брашното донесено од татка ми, се обидуваше со нови волшепства, со играта на своите прсти, кои како да не го имаа заморот на телото, во пресметувањето со секогаш истото тесто, да ни подготви нов ручек, различен од вчерашниот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Додека, гостите сласно си ја дојадуваа пастрмката, беа обземени од планови за иднината, имајќи го секогаш Езерото на прв план.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Луѓето беа обземени по секоја цена да ја напуштат родната земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Дали поради нејзиното големо страдање во животот, често во ситуација меѓу животот и смртта, особено во војните, со нас децата, беше обземена од мистеријата на душата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Некои од нив беа мајстори во филигранскиот занает, а другите во чаршиските занаети на другиот, источниот брег на реката, а речиси сите беа обземени од фугата на заминувањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И Татко и Мајка, на различни начини, беа обземени, во залезот на нивните животи, со големото прашање на нивните животи – што ќе стане со нас, децата, кој ќе бдее над нашите животи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)