бев (гл.) - обесен (прид.)

Требаше да ја пресече или ортомата или гранката на која беше обесен Ристе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Почна прво со Јована. Тој имаше и пушка, и пиштоли, но беа обесени во одајата каде што спиеше во Веца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На градите на двете насмеани млади лица беа обесени по неколку медали.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа се случи додека Азра, држејќи се да не падне, ѝ ја тегнеше косата, или можеби се случи неколку мига потоа, кога таа со пијани чекори отиде во кујната, го зеде ножот што беше обесен над шпоретот и, кога се врати, кога дојде над неа, лесно и го лизна во мекото, над градната коска на Ханка и потоа заврте на лево и на десно, кон жилите на вратот кои извесно време даваа тегав отпор, но само малку подоцна лесно се отворија и од нив изненадувачки силно прсна крв по рацете на Азра, по креветот и долу, на подот, обливајќи ги ситните парчиња хартија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Како резултат на провалите и фатените членови на КП во првата половина на 1942 преките воени судови во Софија и во Горна Џумаја осудиле припадници на КП, партизанските чети и групи од делот на Македонија под Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Така, со провалите извршени во Свети Врач, Горна Џумаја и Разлог, во рацете на полицијата паднале и членови на Окружниот комитет на БРП за делот на Македонија под Бугарија (Гроздан Николов, Владо Чимев, Станке Димитров и др.) кои со судска одлука во 1942 беа обесени во Горна Џумаја денешен Благоевград.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На раката и беа обесени три пилиња со провиснати крила.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беа врзани за нозете.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зел од полица јаболката и отишол кај самовилите, та 'и пуштил од кај што беа обесени.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Од страо на момчето беа избегале самовилите на далечната страна.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
При тие понижувања молчев, и чувствував како нешто ме клука во градите, тоа чувството на отфрленост го зариваше својот клун во она што трепереше во моите гради, а она клуканото плачеше со плач на новороденче оставено само, на кое му се чини дека исчезнал сиот свет околу него затоа што пред своите очи ја нема мајка си; така плачеше нешто во мене – јас не плачев, само некаков израз на мачнина ми го гмечеше лицето, како околу вратот да ми беше обесен камен и да бев осудена со него така да врвам низ детството а и потоа; го среќавав тој израз секојпат кога ќе се погледнев во огледало.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја мразев својата пречувствителност, треперев и посакував да можам да си го задушам треперењето, се самосожалував и си го мразев самосожалувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)