бев (гл.) - непознат (прид.)

Знаеше тој дека од прозорецот над него можат да се заискрат оние опасни трескотници, кои не му беа непознати и пред кои тој којзнае колкупати во својот волчешки век недосежен се засолнувал во шумата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тукушто се бевме разбудиле. Машкиот глас што го чув беше непознат.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Крсте, всушност, не му беше непознат на Соколета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А потоа некако радосно и понесно извикуваа по некој повод што нам децата ни беше непознат: - Ќе го купиме крстот!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Бегот преку свои луѓе беше во дослух со владиката и не му беше непознат разговорот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мајка ме погледна и тивко ми рече, на јазикот кој му беше непознат на лекарот: – Што бара магарево од мене? – Што вели госпоѓата, тоа може да биде значајно за дијагнозата? – Вели оти е време да ја оставите на мира! – Мене ме определија од медицинскиот конзилиум да го дадам својот удел во дијагнозата, за да се пристапи кон што поуспешно лекување на пациентот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сезаме, отвори се, беше непозната тајна за него, беше игра на лотарија со недостижна премија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, гласот од спротивната страна беше непознат. Нов за нејзините уши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)