Кога проговори, неговиот глас беше нежен и стрплив.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Веќе подолго време не беше нежен со мене, а сега за првпат беше груб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Некоја темна сенка во мене ми велеше дека тој никаде нема да оди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кон неа, за време на целото патување беше нежен. Внимателен. Не знаеше како да ѝ се изнарадува.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Знаеше дека тие лузни можеше да ги излекува само еден мелем, а тоа беше нежниот допир на топлата прегратка на неговата изгубена љубов.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше прекрасно, како одење по трева, оти дланката ѝ беше нежна како и стопалата, навикнати само на обувки и постелнина.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се чинеше како да беше вчера, кога тиквичките и краставиците беа нежни ливчиња што ѕиркаа низ кората на земјата за да излезат на сончевата светлина.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)