бев (гл.) - најтажен (прид.)

Тоа беше најтажниот, воопшто најтажниот ден во сиот негов досегашен живот, за првпат се делеше од своите блиски и од своето родно место.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И морам да кажам дека бевме најтажни кога сонцето не светеше, кога небото го покриваа црни облаци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Баба Стеве, дедо Пере, прв братучед на дедо ми (кој го смета за роден брат) и дедо Цунда, најдобриот другар на дедо, беа најтажните луѓе таа вечер.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој април, таа година, беше најтажниот месец во мојот живот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)