бев (гл.) - најголем (прид.)

Тој е оној што подоцна од Римјаните е наречен Зевс. – Кој беше Зевс? – запраша Чанга. – Зевс беше најголемиот од боговите, бог на небото, на светлината и на громовите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За луѓето на кои верата им дозолуваше да имаат кучиња тоа беше најголемата навреда што можеше да им биде нанесена.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сега му го бараат локалниот список.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Масони, како што читаше во толку историски книги, беа најголемите личности на последните три века во стариот и во новиот свет, најголемите од редот на мислители, научници и уметници, а на истокот и значајни свештеници, слободољубиви владици, дури и патријарси.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Всушност дури и „Живот во пеколот” е групна работа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гронинг: Тоа беше најголемата психолошка пречка за мене кога почнав да работам на „Симпсонови” - отстапување на контролата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа Стеванова гордост на Толета му беше најголема гадост.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што Ви беше најголемата радост во животот? Па, мој боже, ќе ви признаам дека немаше многу такви нешта.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А малиот Андре тогаш? Нели тој беше најголемиот пеер?...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
На привремена работа од тогашна СФРЈ беа повеќе од 750.000 лица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Стапката на невработеност беше најголема во Европа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Да имаш афион на грбот, а да забрануеш негово одгледуење и да увезуеш од Авганистан беше најголема иронија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Џандарите беа најголемите џанаци во Скотје.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Инаку, Шајчевска беше најголемиот гласноговорник против христијанството, а Исус да се родеше во Македонија сигурно таа прва би го распнала.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Затоа и немаштијата во неговата куќа беше најголема и маката во неговото срце најтешка...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некој го извика надвор од часот, како што често се случуваше (Фискултурецот беше најголем шверцер во училиштето и продаваше секаква стока за мали пари), и тој го определи Павел Земанек да застане до разбојот и да внимава на нив додека вежбаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Орде беше најголем, па, иако слаб и недораснат, мораше да се нагрби со сите тешки селски работи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Стравот беше најголемиот и најмоќниот чувар на власта...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тоа по многу месеци ни беше најголемата радост.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Сите на оружје – сѐ за победата“, гласеше една парола и многу пароли беа извикани во чест на најголемиот, најмудриот и на-нај син што се презиваше Захаријадис и дотогаш и малку подоцна никој не сакаше да сфати и да поверува дека токму тој беше најголемиот измамник!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој Серјожа беше најголемиот кошмар на мојата младост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Глупости! - ми одговори татко ми, - Серјожа Зелцер не е постар од тебе, а веќе работи!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа беше најголемата препрека на неговиот пат, беше една бескрајна угорница, што знае на човека да му ја дотера душата до носот и при летно искачување, но тој сега мораше да ја совлада неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Волшебноста на Калемегдан ја врати Јана кон оној кој беше најголемиот виновник што таа, тука на белградското кале самува со тагата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ја гледаше Рада како во прегратка го држи "лотосовиот цвет", таа глетка беше најголема болка во нејзиниот мозок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Та тој беше најголемиот веселник и најголемиот шакаџија во Потковицата. И мрзливко, рака на срце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секогаш кога ќе сретнеше некого да работи, му викаше: - Мее, се козиш, се козиш, будало? А за кого? За џандарите?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако ми дадете да изберам помеѓу нападот на крупен силеџија силен на јазик и меѓу нападот на безопасен странец со сини очи, седнат тивко во некој агол, ќе видите дека нешто ќе се збидне во аголот секој пат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кинг Џејмс беше најголемиот говедар помеѓу Аламо плаза во Сан Антон и салонот на Бил Хопер во Браунсвил.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се ѕиркаа низ цеповите од штиците едни со други, машки со женски, се ѕиркаа и помлади и постари и тоа им беше најголемо задоволство и омилено место.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Проклет да бидам надеж. Оние што на сиот глас се перчеа изигрувајќи среќни луѓе, беа најголемите лажговци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во таа смисла стриче Силе Николоски дотогаш не се помнеше да погрешил, тоа беше најголемата надеж.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гаменот беше најголемата необичност во нејзиниот живот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Служењето војска се сметаше како највисок патриотски чин, како апсолутен доказ на машка храброст, доблест, чин, токму во времињата кога Европа беше најразделена, а меѓу Франција и Германија беше најголемата и најкрвавата граница во Европа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но Сталин, можеше да се прочита во татковите записи, беше најголемиот јаничар што го познаваше светот, во времињата кои познаваше, во кои живеел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тате можеби имал некое оправдание, ете бил офицер, всушност, ти беше најголемиот војник според воспитувањето.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Арам да ми е вака што зборувам, ама од тој смрдле и селанчиште не ќе барав спас, да не беше најголемата мака што ме јаде, оче.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега беше најголемата грижа како да се нахранат, да се школуваат, да се изведат на пат петте деца, во годините на сиромаштија, далеку од блиските, со одземен имот и со загубена надеж за враќање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За нас, децата, прв пат во животот качени во воз, тоа беше најголемиот, најубавиот и најбрзиот воз на светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За Мајка, ова беше најголемото осквернување на светите книги коешто, со години, не можеше да му го прости на Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Децата го видоа и тоа дека на рацете има неколку прстени сѐ од сребро и злато, а еден меѓу нив беше најголем, со камен што светка како искри да фрла.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако беше точно тоа, ако на цели народи им е дадена таквата способност, тоа ќе беше најголемиот грев на оној кој управува со нас луѓето и со нашата волја, па нека е тој господин и самиот Господ.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А тоа за него ќе беше најголемата загуба, "Како ти помина денот?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кој беше најголем јунак на светот и векот? Марко Крале.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пак јас ќе ти кажам. Зашто пиеше вино со леген од дванаесет оки.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Липаат низ прерија гитари, песната патот на Виски Вокер му го мери: - Оклахома, о Оклахома, тој беше најголем шериф.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Народноослободителното движење на Југославија како најсилна балканска сила што ги обедини сите народи во борбата против силите на Оската се чини дека беше најголемата сила која даваше гаранција за реализирање на долго очекуваното обединување и автономија на македонскиот народ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Македонската територија и македонскиот народ се, како што истакнува Сретен Жујовиќ-Црни (министер во владата на Тито), важен дел од народноослободителното движење на Југославија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тројцата присутни седнаа на каучот што беше најголемото парче покуќнина во таа соба.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тоа беше најголемиот неуспех на Летка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)