бев (гл.) - најблизок (прид.)

„Ти еднаш ми вети дека ќе ми направиш кукла,“ рече, и тоа потсетување на моето ветување беше најблиско до барање од сѐ што беше кажал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми беше најблиската што ми остануваше во животот од генерацијата на татковото семејство од двете страни на границата…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Ќе ти направам.“ „Кога?“ „Кога сакаш.“ „Може сега?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие, кои беа околу него и тие кои беа околу оние кои беа најблиското негово окружување и сѐ така до најнискиот во партиската хиерархија, го создаваа тој неприкосновен авторитет на Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе им личеше да викаат жими сенката отколку да се колнат во нешто друго, зашто сенката им беше најблиска.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)