бев (гл.) - назначен (прид.)

Таа е она што апсолутно раскинува со востановената нормалност, и, според тоа, може да се најави, да се претстави, единствено како чудовишна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Идејата за науката и идејата за писмото - значи, и за науката за писмото - за нас имаат смисла единствено поаѓајќи од еден искон и во рамките на еден свет на кој веќе му беше назначен извесен поим на знакот (потаму ќе речеме поимот на знакот) и извесен поим за односите помеѓу зборот и писмото. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 49
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од Судот му направија и печатче со неговото име и презиме, среде, а околу беа назначени јазиците.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Амди Кола отиде да пие Пепси. Неговиот син, кој едвај имаше четврто одделение, беше назначен за шериф у неговата населба Путка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Беше назначен во еден поткомитет на некој поткомитет, на некаква поткомисија, која пак беше произлегла од една од оние неброени комисии што се занимаваат со помалите потешкотии околу комплетирањето на Единаесеттото издание на Новоговорниот речник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко тогаш ги откри битолските кадиски сиџили во вакафот крај една џамија и со наредба од највисоката власт беше назначен во Државниот архив на Народна Република Македонија, да ги толкува, подготвува сиџилите за објавување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во истиот период овде беше вработен и професор доктор Климент Камилски, преживеаниот од Голи Оток, кому во почетокот не му беше дадена утврдена работа, па со познанството и зближувањето со Татко, голем дел од времето минуваше со сиџилите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секому му беше назначен редот на обвинувањето, па интернацијата, ликвидацијата. Жртвувањето!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нивната додатна работа ја водеше Круме Волнаровски преку Деница и Илона во Прифатниот центар, а мозок за секоја операција беше Ема од која Ниротакис беше назначен за шеф на транзитната служба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Деница беше назначена за кеш шефица, одговорна за собирање на парите и, по распределбата што ја утврдуваше Круме, лично да им ги предава на Илона, Авни, Ниротакис и Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури и кога Дон Гашпар беше назначен, па некои сакаа да го заобиколат неговото водење на верниците, мајка ми велеше: „Не одиме во црква за Гашпар, туку за Бога...тргнувај пред мене“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оној беше назначен за началник на ОЗНА во едно гратче блиску до нивното село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На голема макета беа прикажани Езерото, реката, еден од далјаните, па голем глобус, на кој беше назначен со мали ознаки патот на јагулите од Езерото, до океанот и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во четата Раде беше назначен за заповедник на извидувачка група, која ќе требаше да се инфилтрира во позадината на непријателот и да го снабдува Штабот на 23от пешачки полк со податоци во врска со движењата на непријателските сили, нивниот состав, големината и многу други нешта битни за успешните воени дејствија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Над фабриката беше отворена стечајна постапка и беше назначен стечаен управник од Скопје.4 Сите вработени отидоа „под Биро“ – т.е. секој, зависно од својот стаж, неколку месеци земаше паричен надоместок во случај на привремена не- вработеност, кој им следува како уставно и законско право.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
39 Ова имплицира дека некој намерно го ставил случајот на страна, сè со цел факторот „време + трошоци“ да ги натераат тужителите сами да се откажат од тужбата, што и делумно го сторија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, ситуацијата се усложни уште повеќе кога во меѓувреме, во текот на постапката, со Решение II Л.бр. 20/05 и 26/07 донесено од Основниот суд Скопје I, во ноември 2005-та, е отворена ликвидациона постапка над „Водостопанство Вардар“ – сметано од јануари 2004 (а како ликвидатори беа назначени прво М.Велинов, а потоа Т.Мартиновски – согласно Глава IX од тогаш новиот, а сѐ уште актуелен Закон за водостопанствата [2005], којашто носи наслов „Престанок на работа“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во одговорот на тужбата, тужениот работодавач „Водостопанство“ целосно ги отфрли тужбените наводи, останувајќи цврсто да ја брани исправноста на својот потег за кој велеше дека е во согласност со интерните Правила за работен ред и дисциплина (1994).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А тужителите целосно му ја препуштија одговорноста за водење на парницата на својот адвокат (Ивановска) – па предметот 18 месеци беше заталкан во фамозните судски лавиринти, а се помрдна од „мртва точка“ дури по поднесената ургенција до судот, по што истиот експресно беше пронајден и беше назначен нов судски совет.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во одговор на ова – веднаш, преку ноќ, работодавачот ангажираше познат скопски адвокат (И. Панчевски), кој лошо го советува да им изготви отказни решенија на иницијаторите и предводниците на штрајкот, иако тоа е противзаконски чин, што и беше сторено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, овие луѓе на кои им дојде „нож до коска“ од долгогодишните шефовски лаги и глумења, беа подготвени на ваков пресметан ризик уште од почетокот на борбата, па останаа упорни и солидарни во заедничката битка – и воопшто не се плашеа од негативните консеквенци и реперкусиите кои следуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)