Климент Камилски најпосле со свечен глас како пред амфитеатар, во кој единствен слушател беше Татко се огласи: Додека престојував во Франција, Шпанија, Белгија, на Запад, често ги слушав предрасудите за нашиот Балкан, посебно беа нагласени тие од доменот на јазикот: сме ти биле разделени со голем број неразбирливи јазици, наречја, дијалекти, недовршени идиоми, сме ти биле жртва на најсилното пророштво на Вавилон.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Што се однесува до косата на девојчето, не е тешко да се разбере каков значај за Duchamp таа добива во алхемискиот контекст на хермафродитот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Значењето на 98 имањето или немањето коса веќе беше нагласено кога се разгледувани Tonzura-та и L. H. O. O. Q.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На 4 јули беше усвоена платформата на скопскиот универзитет, при што беше нагласена потребата за еден посамостоен и независен универзитет.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Кон крајот на годината пак, во Тетово и Гостивар беа одржани демонстрации на албанската народност инспирирани од косовските настани.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Во однос на идното уредување на Балканот, Смодлака ја застапувал тезата дека "мора да имаме балканска федерација и првиот чекор би бил унија меѓу Бугарија и Југославија", а кон која би се приклучила и Албанија "со исти права", со што би се добила федерација "доволно силна да одбие секаков било напад од која било страна".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Посебно беше нагласено, што беше од особен интерес за западните сојузници, дека основната парола на НОД не е "победа на комунизмот" туку "смрт на фашизмот, слобода на народот", бидејќи "комунистите во Југославија не можеа да ја наметнат својата волја и доктрина, а по ослободувањето ќе имаме независна Југославија и слободен народ со сите демократски слободи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Како метафора во една песна звучеше сосема прифатливо - и стариот писател ме погледна со многу попријатна насмевка од онаа што ја среќавав на страниците на неговите книги, но сепак, перчето тага во очите беше нагласено.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Поумерените партиски сили во градскиот комитет не беа нагласено ниту за, а ниту против козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)