Клекнале така и му кажуват: - Таа вечер - рече - ти, ко бев таму кај тебе, многу се натрпив, се разочарав толку и не ми беше мила животта.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Нѐ изедоа вошки ама животот беше мил.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ете, ѝ беа мил спомен. Се знаеше, ги облекуваше само за државните празници и тогаш, о боже, одеше малку поинаку одошто обично.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Камилски спиеше малку, меѓу две големи читања, му беше мила изреката дека најдобар начин да си ги оствариш соништата е да се разбудиш, и тоа по можност што порано.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кој знае дали заљубен. Многу му беше мила.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И самиот Климент Камилски може да се рече дека имаше судбина на балкански Дон Кихот во однос на своите забранети книги кои вешто ги криеше во својата библиотека, уште во периодот кога му беше мил на повоениот период и кога беше високо вреднувано неговото доброволно учество во Граѓанската војна во Шпанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)